Грчките митови се најинспиративното четиво, тие се полни со мудрост, со фантазија, како и со свежи, вечни пораки. Тие се богати со компаративни елементи и со силни поттици. Без нив човештвото ќе беше многу посиромашно, без големата димензија на надежта кон својата иднина. Нема значаен писател кој не се инспирирал од чудесните теми и богатите содржини на грчките митови.