Jump to ratings and reviews
Rate this book

Ветрот носи убаво време

Rate this book
„Ветрот носи убаво време, најновата збирка поезија на Ацо Шопов, не распнувајќи се да биде емоционална, таа е тоа во секој стих; не претендирајќи да биде филозофија, таа е тоа со многу филозофски зрнца во себе, филозофија која носи меланхоличен потсмев на еден поет („Чудак“ „Здравица“, „Добра ноќ“) – еден необичен, по малку темен хумор, сосем непознат во нашата поезија”, пишува Славко Јаневски на внатрешната страница на корицата од оваа книга, пред да заклучи: „Поезијата во оваа збирка кажува сè што сакала да каже, а секоја песна до заокруженосте завршена, вонредно јасна во својата смисла, дурии кога е преполна со метафори и поетски фигури, со една симболика што ги раздвижува сите сетила на читателот.”

За другите аспекти на тоа нешто непознато во македонската поезија што го донесува оваа збирка говори и Георги Старделов во словото изречено на промоцијата на оваа книга во 1957 год.: „Вечерва се среќаваме, би рекол, со еден многу осамен поетски феномен во нашата литература, со феноменот Ацо Шопов. Кога велам осамен поетски феномен, тогаш го мислам следново: реткост, онтолошка реткост е во современата македонска литература да се сознае и прочувствува одданоста на поетот на самиот себе си, да се осети меѓата на поетовиот свет и при тоа да може да се констатира: на оваа, врз оваа меѓа длаби тој и тој поет, тука е неговото поетско царство, тука тој поетски ја адаптирал својата поетска органика и само тука може тој − потаму и на другоместо − не. Оваа ограниченост врз конкретно определена животна сфера, што е за мене од суштествено значење, се сметаше до скоро во нашата современа литература за поетско слепооштво, за поетско сознајна кусогледост”.

52 pages, Unknown Binding

Published January 1, 1957

2 people want to read

About the author

Ацо Шопов

34 books1 follower

Ratings & Reviews

What do you think?
Rate this book

Friends & Following

Create a free account to discover what your friends think of this book!

Community Reviews

5 stars
1 (50%)
4 stars
1 (50%)
3 stars
0 (0%)
2 stars
0 (0%)
1 star
0 (0%)
No one has reviewed this book yet.

Can't find what you're looking for?

Get help and learn more about the design.