Роман на годината во Македонија за 2021. Но, според мене, заслужува уште повисока награда. Составен е од реченици кои ја одразуваат болката на сознанието. За секојдневието. Мислите на еден (повеќемина) обичен човек, за односите со другите, односот кон себеси и кон животот. Борбата на секој од нас со она што ни го носи животот. Раскажан со необично богат, сликовит речник. Ликовите талкаат низ пусти улици, на дожд, додека смислуваат одмазда, се ашкаат низ празна куќа, откако ги напуштила сопругата. Преземаат име на сопругот - писател и објавуваат свои дела. Си го киднапираат семејството, кога веќе не можат да ја издржат сопствената обичност...
А, како што веќе е напишано, сѐ почнува со приказна за црвот и чавката, што навестува алегорична бајка.
На страниците на овој роман има такви вистини, кои не можат да се пренесат како мисли што си ги запишуваме во тетрака за да ги запомниме, затоа што реченицата сама не стои. Мора да се знае барем таа пред неа и таа по неа.
Ако имате можност или намерно, прочитајте ја тенката книга (само 147 страници) за Грета, Давид, Брам, Томас, Артур Лери, Анџела, Ирма, Едвин, Лондон, Берта.. (има уште) :)
Сите тие наликуваат и се наоѓаат во ситуации, слично на ликовите во „Мајсторот и Маргарита“ на Булгаков.
Романот на годината потполно си го заслужува тоа место.