... Јован стана од столот и ме повлече кон себе. Не му се спротивставував. Му се предадов. Во овој момент постоевме само ние двајцата. Долго време потиснатите желби како лава се излеваа од нашите тела кои согоруваа во овие моменти на сплотеност, на страст, на љубов. ,,Ова ми беше најубавата ноќ во животот за која вредеше да се живее", мислев. За ништо не жалам. Стојам пред Бога подготвена да ги поднесам последиците за гревот што го направив со мажот на сестра ми. Тоа беа моите први мисли кога рано наутро полека се извлекував од неговата прегратка и мека постела.
Милијана Павловска има напишано 15 романи, а до сега Култура стои зад 10 издадени наслови. Павловска целиот работен век го поминала во гимназијата „Никола Карев“ во Скопје како професор до 2000 година и како училишен педагог до пензионирањето во 2013 година. Милијана Павловска е добитник на Плакетата „Најчитан македонски автор“ за 2016 година во библиотечната мрежа на Градската библиотека „Браќа Миладиновци“- Скопје.