Давид е обично момче кое живее монотон и здодевен живот. Има работа што ја мрази и свршеница во која се сомнева дека е вљубен.
Еден вообичаен мартовски ден, кој по ништо не навестува дека ќе биде пресуден во неговиот живот, случајно се среќава со Ева, неговата средношколска љубов. Таа е одамна преселена во Америка и омажена за богат американски бизнисмен.
Оваа средба, што навидум почнува да се развива во тајна љубовна приказна, всушност, е многу опасна игра.
Родена на 27.04.1992 година во Скопје, Мери Арсова е автор на трилер романот „Опасна игра“ - 2021 година, со кој влегува во полуфиналето на конкурсот за наградата „Пегаз“ на фондацијата „Славко Јаневски“; крими трилерот „Коски, пепел, чад“ - 2024 година, и водичот на англиски јазик "Eat like a local Macedonia", објавен на Амазон.
Кога фаќам да читам еден автор, обично ги читам книгите редоследно според тоа како се издадени. Ова ми овозможува мал поглед кон тоа како авторот созрева во своето творештво.
"Коски, пепел, чад", ја прочитав прва и искрено, за мој вкус, ми се допадна повеќе.
"Опасна игра" е исто така добра книга, но имаше некои подеми и падови. На крај се одлучив сепак за 5 поради неколку работи.
Во претходни рецензии веќе еднаш спомнав дека имам слабост кон наратив раскажан во прво лице еднина. Не секогаш се разбира. Но тука авторката одлично си ја сработила работата и тоа со два лика.
Понатаму, ми се допадна шареноликоста на карактерите.
"Изгубен романтичар" кој повторно ја распалува својата младешка љубов.
Неговиот пријател "Ловецот" кој карактерите од спротивниот пол ги гледа како трофеи.
"Татината принцеза" која мора да биде идеална.
"Кралот" (и неговата аристократска фамилија) кој и покрај сета своја моќ е сепак само фигура на таблата.
И секако "Фениксот" и нејзината трансформација од "Дама во невоља" во "Ла фем Никита" ;).
Малку ми беше...хммм...чуден "Мистер Мијаги" моментот, но на крај одлучив дека ми е сепак симпатичен.
Акцијата морам да признам дека ми беше конфузна, но можно е да бев јас нефокусиран во тие моменти.
И секако, самата приказна е одлична и несекојдневна :)
Ја препорачувам оваа книга (и тоа пред да ја прочитате "Коски, пепел, чад" која исто така ја препорачувам) и секако, чекаме нови книги од авторката :)
Опасна игра има добра нарација која ќе ве држи во неизвесност до самиот крај на книгата. Тоа многу се должи на интересните ликови чија приказна ја пратиме и динамиката со која е раскажана.
Давид, кој има сигурна работа, сигурена врска и секогаш ги носи наједноставните одлуки кои нема да водат до конфликт, како и одлуки кои ќе ги задоволат другите. Сетоа ова се променува во моментот кога во неговиот живот ќе се врати Ева, девојката од средношколските денови. Во вториот дел ја дознаваме нејзината комплицирана приказна, од моментот кога заминува во Америка до повторното доаѓање во Македонија. Ева е спротивна на Давид, а нејзиниот живот е динамичен и комплициран.
Тешко е да се напише повеќе без да се открие нешто важно, но ќе кажам дека крајот беше доста напнат, со безброј решенија од кои мислам дека Мери го одбрала најдоброто.
п.с. Бев изненаден од тоа колку природно звучеа дијалозите помеѓу ликовите.
Со преминот од секојдневната монотонија кон сјајот на незаситениот копнеж и невидливите замки, „Опасна игра“ ја отвора завесата на еден интимен театар каде што секоја насмевка крие страв, а секое допирање – тајни. Веднаш штом ќе влезете во светот на Давид – човек зад кој стои уреден, но пуст живот – ќе почувствувате лесно треперење: тука не се работи само за обичен романсен заплет, туку за почеток на сложена мрежа од манипулација и неизвесност. Ева, неговата средношколска љубов, влегува како невидлив штурец во мракот на неговата рутина и со секој поглед ќе ве натера да се запрашате дали она што го гледате е љубов или прецизен план. 🫠
Секоја страница е преполна со финесно дозиран ритам: мирните мигови на сомнеж и носталгија ненадејно се прекинуваат од глетки полни со ладна намера – телефонски повик во доцна ноќ, едно ненадејно молчење што тежнее како прислушкувател, чекори низ празни ходници што одекнуваат. Токму ова контрастно пулсирање ја прави нарацијата несомнено моќна: како што читате, пулсот ви се крева, па заппира, и потоа нагло бие во мигот кога мислите дека сте ја решиле загатката.
Кулминацијата веќе го надмина предвидливото – нема само пресврт, туку емоционален земјотрес. Во мигот кога мислите дека сè е кажано, Арсова ве турка во нови длабочини на неизвесност: ќе се пронајдете прашувајќи се: „Што би направил јас?“ или „Може ли да верувам дури и на сам себеси?“ Крајот не е само точка – туку вресок што отекнува со денови: остар, немилосрден и двосмислен, токму како љубовта што ја размислувате. 🤯
И потоа доаѓа времето. Дури после една година, кога се сретнав со насловот(и ја прочитав) ми се навраќаат тие сцени – и сфатив дека ова не е само уште еден трилер. Тоа е роман што ве следи долго откако ќе ја затворите книгата. Секој пат кога ќе се сетите на зборот „предавство“, срцето ненадејно ќе прокрвари со потсетување. И токму затоа, верував дека мојата прва рецензија не беше доволна – требаше да се вратам и да продолжам, зашто „Опасна игра“ заслужува целосно да одекне во зборовите.
За дебитанско дело, ова е сосема WOAH – сигурен стил, прецизно темпо и крај што ве буди од секое удобно уверување. „Опасна игра“ не е книга која ќе ја заборавите: тоа е вашето лично „опасно патување“, кое ве предизвикува да се соочите со сопствените сенки и да преиспитате што навистина значи љубов и доверба. Ако барате искуство што ќе ве турне надвор од вашата комфорт зона и ќе ве остави без здив, ова е роман што морате да го прочитате. 🤙
Книгава не би ја нарекла трилер. Никаква напнатост ни возбуда не почувствував додека ја читав. Дијалозите ми беа комични, а ликовите неприродни, површно изградени. Целата идеја за содржината е ко инспирирана од веќе виден филм. Стилот на пишување делува почетнички и тоа предизвика да не можам сериозно да ги сфатам мотивите на ликовите, но и да го добијам тоа чувство дека сѐ е премногу надреално, невозможно во приказната. ——————————— Секако би и дала шанса на Мери со новата книга.
Навидум обична приказна за Давид кој што сосема случајно се среќава со љубовта од школските денови, Ева. Но... приказната одеднаш добива поинаков тек, се претвора во неверојатен како што би сакал јас да го наречам „циркус“ (секако во позитивна смисла) со брканици, електоршокови, пукање, тајни, измами...
Книга која не само што има ОДЛИЧНА приказна, има и предобро изградени ликови. Крајот е ТОП!!!
Јас сум уште во шок и ова е книга која што мислам дека не добива доволно внимание, книга што секој љубител на трилери би требало да ја прочита. Едвај чекам нешто ново од Мери.
Едит: Втората книга „Коски пепел чад“ е три скалила подобра, затоа мора да се направи разлика меѓу двете со оценката. :D