Тлото запоЧнува да се тресе... Консепсион, Чиле, 2010 година. Во cелиот тој хаос на Нивес и приоа Жена која и подава мистереиозен предмет со шест симболи и во истиот момент починува. Нивес и нејзиниот брат Сантијаго се обидуваат да ја откријат тајната на предметот, кој ги води во три држави, од урбаните средини на Ванкувер, до длабоките xунгли на Јукатан и Мексико. Трилер - авантура која ќе ве однесе на многу историски места кои кријат таинствени симболи, кодови и изгубени древни градови. Сантијаго и Нивес ќе бидат принудени да затропаат на вратите од универзитетот на Ванкувер, каде што ќе побараат помош од двајcата научниcи, Насим и Марк. Потоа сите заедно тргнуваат на едно наобично патување со многу тајни, но и опасности кои ги демнат од сите страни....
Прекрасна книга. Трилер, авантура, историја за древната цивизација Маи... Авантуристички дух во стилот на Индијана Џонс... Задолжително да се прочита...Браво за авторот
„Храмот на натписите“ од Петар Стојановски ме привлече уште кога излезе, прво со корицата, ама и со кратката содржина. Конечно ѝ дојде редот и јас сум останата без зборови од оваа книга. Ваква добра книга немам читано одамна. Прво, книгата претпоставувам не е напишана за краток период, но авторот вложил многу труд и време во неа. Друго, авторот, претпоставувам, многу истражувал пред да ја напише книгата - изобилува со фасцинантни информации и факти. Приказната е поврзана со историјата на Маите и пирамидите, нешто што мене лично мене отсекогаш ми било интересно и го привлекувало вниманието. Нема да навлегувам во содржината на книгата, но ја препорачувам на секој читател, книга која вреди да се прочита.
Прекрасна авантуристичка приказна која планира од почеток до крај. Вреди да се одвои време за неа! Нуди нови перспективи за размислување, се надевам дека еден ден ќе биде премиера на филм со наслов ,,Храмот на натписите"...
"Штетата што може да му ја направи мајката природа на човека не можат десет поколенија да ја исправат."
Жителите на Консепсион на 27 февруари 2010 година се разбудени од страшен земјотрес. Некои биле будни подготвувајќи се за на работа, некои веќе биле на работа, а други сѐ уште спиеле во своите топли постели. Страшниот земјотрес го потресе Чиле цели три минути. Три минути ужас. На улиците се слушало страшни вресоци, повик за помош и луѓе кои си ги бараат своите најблисли под урнатините.
Во тој хаос, пожарникарот Сантијаго и неговата сестра, Нивес, се наоѓаат на спротивни страни од градот и очајно се бараат меѓу себе. Нивес тоа ужасно утро се наоѓала во трговскиот центар и била сведок на црната смрт околу себе. Во тие моменти ѝ приоѓа стара жена која ѝ подава мал предмет со шест симболи и ѝ ги кажува најчудните зборови.
По една година, Себастијан и Нивес се обидуваат да ја откријат мистеријата зад тој чуден предмет. Настаните се преплетуваат и мирно си течат по својот тек. Тој предмет ги носи на разни места, одгатнувајќи кодови и толкувајќи ги различните симболи. Од универзитетот во Ванкувер до џунглите на Јукатан и Мексико. Она што се чини како еден обичен предмет наеднаш ќе стане одговор на многу прашања и клуч за спас на цивилизацијата. Меѓутоа, ако се најде во погрешните раце може да биде искористен за лоши цели...
"Храмот на натписите" е одличен македонски роман. Акција, трилер и историја испреплетени во една прекрасна целина која привлекува со оригиналноста и уникатноста. Книга за историјата на древната цивилизација Маи. Што се случувало пред многу години? Дали она што ни е прикажано е вистина или пак се кријат многу поголеми тајни?
Сите тие симболи и градби тесно се поврзани со човекот. Неговото постоење, а всушност и целта на неговото постоење. Авторот не напишал само историски роман туку истовремено го става човекот и неговата природа под лупа.
Го обожавам начинот на кој е напишана книгата. Го држи вниманието цело време, лесно се чита а сепак, по читањето ќе те натера да размислуваш на некои теми. Многу привлечна и богата нарација и ликови кои не можеш а да не ги засакаш. Овожавам сѐ кај оваа книга. Моја топла пепорака.
Zanimlivo, se čita vo eden zdiv. Super ukombinirani toponimi i ličnosti bliski do nas. Bi sakal da e podloga prikaznata i podlaboko razrabotena. Ali super bravo
Доколку сакате авантура "Храмот" е правата книга за вас. Доколку некогаш сте сакале да дознаете нешто повеќе за цивилизацијата на Маите, тогаш особено ви ја препорачувам.