Книга која мора да се прочита!
Феноменот Овириум е всушност планета која секој читател ја доживува на свој начин, бидејќи Усеини маестрално допира до многу важни аспекти на животот (и смртта), оставајќи му простор на читателот да се нурне во длабочините на сопствените мисли и светови.
Читајќи го Овириум – отаде Смртта, страдањата кои ги доживува протагонистот Матеј, испреплетени со навидум едноставните приказни на ликовите околу него, кои авторот на неверојатен начин ги гради, развива и отелотворува, не ме остави рамнодушен и предизвика силни чувства на емпатија, љубопитност и воодушевување, но и суштински размислувања за животот и вредноста на времето.
Како обожавател на магискиот реализам, топло го препорачувам ова прекрасно дело бидејќи неговиот наратив има огромна уметничка вредност, може да се опише како алегорија на сонот и феноменологија на времето, и слободно може да се стави во рангот на светски докажаните автори од калибарот на Мураками, Маркес, Кунц и други.