Jump to ratings and reviews
Rate this book

Здравица

Rate this book
Здравица е новела за една посебна генерација, генерацијата на Мака, родена за време на Тито и растена во време на транзицијата. Почнува со раѓањето на Мака, кога кумот пивнува малку повеќе, па категорично одлучува на новороденото бебе да му го даде името Македонка, на незадоволство на родителите. Вечерта завршува со здравица на која Мака ќе се навраќа со доза на љубов, хумор и тага во текот на целиот свој живот: „Тито, Југославија, Македонија и Македонка ќе бидат вечни!“.

Преку допадливиот лик на Мака, низ нејзиното детство и младост се навраќаме на животот во Југославија, а потоа со нејзиното созревање, преку низа интересни лични доживувања, во позадината суптилно ги следиме промените во Македонија. Со многу хумор и емоции, Саша Богдан евоцира мноштво спомени кај сите нас и нема кој нема да се пронајде барем малку во приказната на Мака, приказната за животот во нашата државичка. Но приказната на Мака не е само приказна за животот во Македонија или во Југославија – приказната на Мака е приказна ЗА ЖИВОТОТ. За подемите и падовите, за радостите и солзите, за надежите и стравовите, за љубовта и разочарувањата, за семејството и пријателствата… Оригинална, духовита и многу емотивна – едно е сигурно: многу одамна не сте читале нешто слично!

158 pages, Paperback

Published January 1, 2021

25 people want to read

About the author

Саша Богдан

4 books22 followers

Ratings & Reviews

What do you think?
Rate this book

Friends & Following

Create a free account to discover what your friends think of this book!

Community Reviews

5 stars
41 (68%)
4 stars
12 (20%)
3 stars
5 (8%)
2 stars
1 (1%)
1 star
1 (1%)
Displaying 1 - 9 of 9 reviews
Profile Image for Draga Stavreska.
119 reviews4 followers
March 3, 2022
Навистина одамна не сум прочитала нешто вакво.
Прекрасна книга.
На почетокот ќе ве врати во детството и ќе ви изнуди еден куп насмевки, па полека ќе ве прави носталгични за едно помирно и посреќно време и на крај за жал ќе ја прочитате и вистината за нашава државичка во последниве неколку години.
Навистина книгава е преубава. Топло ја препорачувам на секој.
Верувам дека секој може да се пронајде во поголем дел од приказната ☺️
Тито, Југославија, Македонија и Македонка ќе бидат вечни...ех, можеби во некој друг паралелен универзум...
Profile Image for Perica Ilievski.
161 reviews9 followers
August 3, 2024
Прва прочитана од авторката Саша Богдан и можам да кажам дека ми се допадна.

Многу лесен и убав стил на пишување, има некоја топлина во нејзиното раскажување 😊

Приказната започнува во едно далечно време, време во кое не сум бил роден, многу поубаво време според напишаното, а и според тоа што го имам слушано низ годините. Како продолжува, доаѓа до ова неубаво, подмолно, време со мито, корупција, булинг и уште што не, време во кое сега живееме...

Убава приказна, а средбата од епилогот ми е врвна! Препорака до сите што сакаат да прочитаат нешто убаво 😁
Profile Image for Kristina ☆.
182 reviews64 followers
April 22, 2025
Едноставна и слатка, опишува случки и ликови кои ни се на сите нас блиски и разбирливи, па затоа дејството е доста предвидливо. Забавна е за читање, но приказната сама по себе не е ништо посебно.
Profile Image for Tanja Avukatova.
71 reviews
May 27, 2023
Книгава ме врати во детството, ме потсети на подзаборавени изрази кои ги користевме, ме насмеа, ме растажи... Одлична!
11 reviews
July 16, 2022
„Здравица“ од Саша Богдан е хроника за Македонија, за животот на една девојка по име Македонка, која не случајно ја викаат Мака, зошто баш Мака? Мака како целиот живот на едно просечно македонско семејство, мака како неможност да се браниш под сите ветрови на судбината што другите ти ја кројат. Напишана на хумористично-сатиричен стил, со крај што измамува спротивна реакција. Новела за сите оние што се родени во саканата Југославија, за сите оние што ја одболуваа транзицијата и што стареат со празните европски ветувања. Така и животот на Мака, како пандан на Македонија, ја прикажува суровата реална слика на животот и борбата на родителите, младите, општеството, каде „ќути-бутај“ царува како воин на коњ. „Здравица“ е роман за сите неизвојувани битки затоа што не било дозволено ниту да се почнат. Токму во ова време на идентитетска неизвесност за Македонецот, „Здравица“ има солидна позиција да добие продолжение.
Саша Богдан како дебитант на македонската книжевна сцена, со својот стил излегува од рамките на очекуваното „не читам домашен автор“, затоа што истово четиво да беше за земја од далечниот Исток, или некое гето од Западот, ќе беше прилично споделувано и читано.
Читајте домашни автори! ❤️💛
Profile Image for Вики.
84 reviews
July 30, 2022
Книга која уште со првите страници ќе ве врати назад во детството, ќе ви изнуди неколку насмевки, но и ќе ве потсети на неколку случки на кои и тогаш сте заплакале, и книга која ги споменува времињата на политичките ситуации низ кои помина Македонија.
Profile Image for Марија Андреева.
Author 1 book101 followers
December 22, 2023
Интересна, шармантна книга која преку личната историја на Македонка и нејзината приказна, се потсетуваме и на различните фази низ кои помина и Македонија. Полна со хумор, како и остроумни белешки, ќе ја прочитате брзо и сигурно ќе препознаете дел од сопственото детство/искуства.
Displaying 1 - 9 of 9 reviews

Can't find what you're looking for?

Get help and learn more about the design.