Ова е приказна за луѓето кои по разочарувањето во љубовта им се посветиле на своите кариери, мислејќи дека за нив животот е завршен, но се излажале…
Новите љубови и пријателства како да ги чекале нив да ги подотворат вратите и да ги пуштат да влезат внатре, да им ги стоплат срцата и да им ги разгалат душите.
Ако ги следите судбините на: Бојана, Виктор, Марта, Петар, Ирена и Оливер, ќе се уверите дека животот секогаш дава втора шанса само треба да ја препознаете.
Милијана Павловска има напишано 15 романи, а до сега Култура стои зад 10 издадени наслови. Павловска целиот работен век го поминала во гимназијата „Никола Карев“ во Скопје како професор до 2000 година и како училишен педагог до пензионирањето во 2013 година. Милијана Павловска е добитник на Плакетата „Најчитан македонски автор“ за 2016 година во библиотечната мрежа на Градската библиотека „Браќа Миладиновци“- Скопје.