… Од кога ја напушти затворската зграда, Петар немаше сила да влезе во автомобилот и час поскоро да го напушти ова страшно место. Се упати кон една клупа и кога виде дека никој нем во близина, седна на неа. Ги скрсти рацете во скутот и погледот го впери некаде во далечина… Го виде татко му, најдобриот татко на светот. Секогаш насмеан и спремен да ја исполни секоја негова желба. Можно ли е тој човек да криел толку голема тајна која на крај ја платил со живот? Ако ова е вистина, што ќе рече мајка ми кога ќе дознае? Сите спомени за мажот ќе ѝ се урнат како кула од карти…
Милијана Павловска има напишано 15 романи, а до сега Култура стои зад 10 издадени наслови. Павловска целиот работен век го поминала во гимназијата „Никола Карев“ во Скопје како професор до 2000 година и како училишен педагог до пензионирањето во 2013 година. Милијана Павловска е добитник на Плакетата „Најчитан македонски автор“ за 2016 година во библиотечната мрежа на Градската библиотека „Браќа Миладиновци“- Скопје.