Блаже Конески е истакнат македонски книжевен, културен и јавен работник, академик, поет, прозаист, есеист, книжевен историчар, филолог и јазичар, преведувач и професор на Филозофскиот факултет во Скопје. Тој бил и еден од кодификаторите на современиот македонски литературен јазик и значајна личност во македонската книжевност.
„Записи“ се објавува речиси после цели две децении од последната стихозбирка на Конески „Везилка“. Поделена е во два циклуса: „Записи во стих“ и „Записи во проза“. Би ги издвоил антологиските песни: „Дон кихот“, „Одисеј“, „Разговор со детенце“, „Струмиче“, „Езеро“ и др.