Блаже Конески е истакнат македонски книжевен, културен и јавен работник, академик, поет, прозаист, есеист, книжевен историчар, филолог и јазичар, преведувач и професор на Филозофскиот факултет во Скопје. Тој бил и еден од кодификаторите на современиот македонски литературен јазик и значајна личност во македонската книжевност.
Стихозбирката „Чешмите“ содржи четири циклуси: „Чешмите“, „Дојрански ветришта“, „Проложни житија“ и „Симфонија“. Во оваа збирка се наоѓаат антологиските „Ана“, „Мукос“, „Данте“, „Песната на една певица“ и др.