Стихозбирката „Стари и нови песни“, во издание на прилепски „Стремеж“, е поделена на седум циклуси. Во неа за првпат во дискурзивна естетичка форма Конески го изнесе своето гледиште за смислата на својата поезија, како и за поезијата воопшто.
Блаже Конески е истакнат македонски книжевен, културен и јавен работник, академик, поет, прозаист, есеист, книжевен историчар, филолог и јазичар, преведувач и професор на Филозофскиот факултет во Скопје. Тој бил и еден од кодификаторите на современиот македонски литературен јазик и значајна личност во македонската книжевност.