Основната идеја на оваа книга е животот на човекот да го прикаже и објасни како своевиден, неповторлив и парадигматичен алхемиски OPUS MAGNUM, да ја истакне гносеолошко-моралната апотеоза на духовната трансмутација. Од PRIMA MATERIA (духовноста заробена во земноста и приземноста - инфернализација на животот), преку OMNES COLORES (ревелацијата), па сè до LAPIS PHILOSOPHORUM („философскиот камен“, духовното злато, кое ја има способноста врз сите нешта да дејствува катализаторски при нивниот opus magnum, т.е. при нивното трансмутирање, при духовното пресвртување), се одвива прекрасен процес и катарза, кои се израз на барањето на божествената искра во нас. Таа започнува во моментите кога ќе се чуе гласот на најдлабоката интима.