Скопје во високата зона“ се состои од раскази кои, низ четири циклуси, сосредоточени на различни визии што временски и просторно се шират во и околу Скопје, истражуваат различни потенцијални начини на постоење и доживување на искуствата, како можност за трансформирање на постоечките перспективи и светогледи. Разнородни по структурата и наративните методи, расказите содржат утописки, дистописки елементи, реинтерпретација на постоечки бајки, лични доживувања, како и слики на специфични моменти од животот
Пристрасна сум бидејќи станува збор за пишаниот збор на моја драга професорка. Еднаш професорка, засекогаш професорка. Но и прекрасна раскажувачка. Уживав читајќи ги расказите. Би читала сè што пишува.