Декември, 2019 година. Полицискиот инспектор Виктор Николов по годишниот одмор се враќа на работа на Одделот за крвни деликти. Зимата на голема врата чука на портите на главниот град, кој полека се подготвува за претстојната празнична сезона.
Едно понеделничко утро, во Скопје е пронајдена убиена жртва во подрумот под градскиот трговски центар. Навидум обичното убиство со лихварска заднина бргу се покажува како покомплицирано, кога следната недела е пронајдена нова жртва, убиена под слични околности, без каква било поврзаност со претходниот случај. Одеднаш, Виктор со колегите од Одделот е соочен со свиреп сериски убиец, кој од страна на новинарската фела го добива прекарот Одмаздникот и кој зад себе не остава траги, освен мистериозната порака најдена на местата каде што напаѓа.
Како што одминуваат деновите и годината полека кулминира со новогодишната ноќ така растат и професионалниот и личниот влог за главниот инспектор, кој, освен што е принуден да ја следи трагата на убиецот низ разни делови од земјата, соочен е и со можноста конечно да се смири со поранешната сопруга…
Ande Jankov (Анде Јанков) (novelist, poet, literary critic) was born in the leap year of 1988, and his life has been a rollercoaster ever since. A graduate economist from Ss. Cyril and Methodius, he has used his vast knowledge of various subjects in his writing career.
His debut novel, ''A Summer on Crete'' (Едно лето на Крит, 2016) received the award Romanijada, awarded by the publishing house ''Kultura'' for Best Debut Novel by an emerging author.
Afterwards, he sat his sights on expanding the crime and thriller genres on the Macedonian market, by introducing Viktor Nikolov, his detective protagonist in an ongoing series of novels: ''Vienna Game'' (Виенски гамбит, 2020), ''Calculated Risk'' (Сигурен ризик, 2021), ''Only God Forgives'' (Само Бог простува, 2022), "Kobayashi Maru" (Кобајаши Мару, 2024) and "Memento Mori" (2025).
He also created the literary podcast ''Literary conversations'' (Книжевни разговори), whereas he conducts interviews with the newest darlings of Macedonian genre literature. The podcast has five seasons and 70 episodes, with more than sixty guests.
Анде мајсторе, капа доле! Секоја наредна е се подобра. Жално е да речам дека ова е врвот, кога знам дека можеш и уште повеќе. Мислам дека веќе ја открив книгата на годината ;) ти продолжи вака, ветер во грб имаш секогаш.
Само бог простува е помрачен роман од неговиот претходник во серијалот за детективот Николов, но не само поради свирепиот убиец, туку и поради темата која ја обработува, а тоа е трулежот на системот и неговата импотенција да ги заштити жртвите од корумпираноста и моќта на парите и капиталот.
Посебно ми се допадна што начинот на кој се однесуваат тимот на детективи, медиумите и јавноста, при појавата на убиства кои се поврзани е токму онаков каков што верувам дека би се одвивало во Македонија, од збунетост и почетнички грешки на детективи те, до паниката на јавноста и наметливоста на медиумите.
Во одличен пишувачки стил, со голема динамика, прикажано е ловењето на сериски убиец во главниот град од страна на инспекторот Виктор Николов и тимот од секторот за крвни деликти. Лудо ролеркостерско возење. Одлично смислени мотив и убиец, но и одличен е патот до откривањето на истите. Анде се надоградува стилски и писателски со секоја следна издадена книга. Капа долу. Уживав во секоја страница.
Се ближи Нова Година. И додека жителите на градот Скопје се подготвуваат за најлудата ноќ, полицијата има полни раце работа. Во подрумот на ГТЦ е пронајден машки труп, со знаци на физичко насилство. Почетната истрага го води инспекторот Виктор Николов во лихварските води, истрага која подоцна се покажува како погрешна. Наскоро е пронајдено и телото на една жена во нејзиниот дом, и полицијата е фрапирана од можноста да имаат сериски убиец во градот, и тоа баш пред Нова Година. Она што ги поврзува двата случаја е суптилниот натпис близу мртвите тела: „Само Бог простува“. Она што изгледа како обичен графит меѓу чкртаниците на ѕидот во подрумот на Градскиот трговски центар, вториот пат е јасно напишано во собата на убиената жена. Со нејзината крв.
И медиумите нагрнуваат на случајот како хиени на мрша. Протекуваат информации од полициската истрага. На убиецот му го даваат прекарот „Одмаздникот“.
И покрај напорната истрага која го остава без сон, овојпат Виктор има шанса да си го среди хаосот во приватниот живот. Да ги обнови семејните врски и да не се враќа во празен стан. Но, убиецот има друга замисла.
И можам да кажам дека и ние во Македонија имаме крими автор. Ова е трета книга во серијалот за инспекторот Виктор Николов, и морам да признам дека секоја наредна е сè подобра и подобра. Секој нареден случај е сè позаплеткан. Некои информации од истрагата лично ги проверив за да се уверам во нивната автентичност (работам во тој сектор). Книгата не ја испуштив од раце до последната страница. Многу ми се допадна и се надевам и на четврти дел.
Одлична книга. Најдобра до сега во серијалот. Многу ми се допадна темата која ја разработува. Сето тоа го гледаме секој ден со години, но вака ставено на хартија и проследено со последици делува некако поблиско и пореално. Ми се допадна и како рипаме од сцена на сцена. Имав чувство како да гледам филм, толку беа убаво распоредени. Дури и романтичните сцени со Виктор и Сандра беа одлично дозирани. Да ги имаше малку повеќе ќе ми сметаше и ќе ме одвлечеше од главната приказна. Навистина го препорачувам серијалов, зошто покрај супер раскажувањето, ќе научите многу нови работи и попатно ќе слушнете многу добра музика 😄
Ова е моја трета книга од Анде, а воедно и од серијалот за инспекторот Виктор Николов. Од досега прочитаното би кажала дека, иако на моменти ми недостигаше малку повеќе динамика, возбуда, мистерија... сепак, книгите НЕ разочаруваат и не сум забележала не(до)објаснети или неразрешени прашања и делови. Генерално, сметам дека го имаат она што е потребно за еден супер трилер и се добро дозирани. Исто така, авторот си има свој стил на пишување, препознатлив во сите овие три книги, кој според мене е пријатен и лесно разбирлив за читателот. Што се однесува до "Само бог простува", ми се допадна целата приказна, особено изнесените реалности, карактеристични за нашето општество. Добива една ⭐️ помалку, единствено поради ликот на Фросина, кој уште во претходната книга го сметав за целосно непотребен и некако надвор од контекст (повеќе е фокусирана на колегите на работа, отколку на работата ... кхмм 🤔), а во оваа само дополнително ме нервираше. Исто така, приказната за Виктор и Сандра (без да откривам детали) ја чувствував избрзана и не многу логична.
За разлика од своите претходници, третиот дел од серијалот за полицискиот инспектор Виктор Николов е помрачен. За првпат Одделот за Крвни Деликти е соочен со сериски убиец кој на прв поглед жртвите ги бира по случаен избор. Се разбира дека не е се така како што изгледа.
Ми се допадна критиката која авторот ја дава кон институциите на државата (судство, правобранители, здравство итн.) како и главниот проблем кој е заеднички за сите нив (корупцијата). И додека (Фала Богу!) во реалност никогаш не се појавил „Одмазник“, прашањето е: Дали трулежот на вакви корумпирани институции може да создаде еден?
Се погоди дејствието во книгата да се одвива во периодот пред и непосредно после Нова Година, па бидејќи книгата ја прочитав баш во тој период, ми се допадна уште повеќе (со тоа што во книгата имаше многу повеќе снег!)
Ми фали само мааалку поголема доза на мистерија околу расплетот.
Омилен лик (се разбира дека трет пат по ред): Теона.
Трета од серијалот за инспектор Виктор Николов. Дејството е базирано во Скопје, но на кратко, ќе ги посетиме и Берово и Охрид.
Воведот во книгата беше претерано добар, веднаш ме навлече, но морам да признаам дека веднаш потоа имаше краток дел (неколку глави) каде не можев да се фокусирам целосно, само поради фактот што беа споменувани улици кои не ги познавам.
Во оваа книга се соочуваме со сериски убиец, наречен "Одмазникот", кој после секое злосторство остава порака "Само Бог простува". Секако дека не можев да погодам кој е убиецот, мотивот, ниту пресвртот, а за тоа упатувам големо БРАВО до Анде, што мајсторски ја изведе приказната!
Повеќе ќе ѕирнете во животот на Виктор, односно неговите пријатели и семејството, кои лично ми прираснаа за срце. Некои ликови најверојатно нема да ги сретнеме во следните книги, лична претпоставка поради начинот на кој заврши приказната.
После завршувањето на оваа книга, некои работи од претходните книги ми имаат многу повеќе смисла, а не можам да претпоставам во кој правец ќе продолжиме понатаму. We'll wait and see.
Дали расипаниот систем може да создаде одмазник? Некој што игра со животот и смртта.
Тим од инспектори ќе го водат случајот во Македонија,на чело со инспектор Виктор Николов за да го откријат мотивот, позадината на неколку убиства зад кои стои испишана порака со крв, САМО БОГ ПРОСТУВА...
На крајот секако ќе имате и морална дилема што е исправно и дали имате доблест да простите или има голема вистина во пораката Само Бог простува.
Истрагата е сеопфатно реална,ликовите се изградени,а дејството е со споро темпо кое не вози низ истрагата.Од криминалистички аспект целиот процес е како да се случува во полициска станица во Скопје. Секој лик има свои реални карактеристики и е претставен животот каков е реално,како и ситуациите кои се случуваат. Ова е реалистично криминалистичка драма.
Прва за мене од овој автор, а трета во серијал. Не е тешко да се пофати животот на главниот лик, инспекторот Виктор Николов, кој, претпоставувам е заедничката нишка во сите книги од серијалот, а злосторствата се различни. Ми се допадна верната инертност на нашата полиција при истраги, за која стереотипно мислам дека е токму таква кај нас. Не знам колку авторот истражил и го потврдил тоа или пишувал на претпоставка дека е така. По едно две убиства, кои се случуваат на почетокот на книгата, истрагата е бавна, не води никаде, полицијата постојано удира во ѕид. Но, она што ми фалеше е задоволувањето на истражниот тим со испрашување само на најблиските на жртвите (најчесто по една личност!), ниту колеги, ниту соседи, ниту познаници не беа испрашувани во првите часови по наоѓањата на телата. Подоцна почнуваат да потпрашуваат и некој друг... Секогаш кога Скопје, или кој и да е град што добро или малку го познавам, во мене се јавува некоја чудна позитивна возбуда, која не изостана и овде. Некако возбудливо ми е да знам дека сум ја чекорела таа улица или ја знам зградата во која нешто се случува (истото чувство го имав и со Зелениот дворец, Полиглот, ЕМБ...) Дополнителна возбуда ми предизвика временската рамка, која почнува некаде на почетокот на декември, па доаѓа Св. Климент, Нова година, Св. Игнат, Бадник, паричка...) 10 декември за мене има посебно значење, па секогаш кога ќе го сретнам во книга очите ширум ми се отвораат :) Како што можеби забележавте, во празниците не го набројав Св. Никола, кој сметам дека во Македонија е далеку поголем и попрославуван празник од овие другиве, ама ете, во книгата го нема! Е сега, убиства: едно, две, три... без назнака да престанат, а полицијата нема поим кој ги извршува, ниту кој е мотивот. Се случуваат секогаш во ист ден, што ќе биде забележано од инспекторот Виктор дури по три убиства??? Претставено е како голема досетка што баш и не е, според мене. Мотивот што се открива кон крајот на книгата, кога почнува да се расветлува кој е убиецот е доста нормален, но ми фалеше опис на патењето, размислувањата на убиецот кои го поттикнаа на ваков чин, оти такви трагедии, како неговата, имаат доживеано многу луѓе, па не одат наоколу со нож и не колат. Аманетот - не ме убеди!!! Ми сметаше што во целата книга припадниците на полицијата повеќе се грижеа за угледот на поединецот (главниот што е една недела пред пензија) и на полицијата како колектив... Патат од она: што ќе каже народот! Место да се трудат многу повеќе да го најдат сторителот што поскоро. Многу простор има дадено и на приватните животи на Виктор и на колегата му Атанас, па покрај него и Фросина. Инспекториве си одат дома од работа на време, во 16 часот, додека низ Скопје слободно се шета убиец! Им се дава задача за задутре!!! Сред сериски убиец во поход?! Инаку, сума сумарум, добро четиво, за релаксација на мозокот :)
Дефинитивно оваа книга ме понесе на едно (како и самиот автор Анде што обожува да користи англиски фрази) што би рекле: This book took me on a ride. A crazy ride, for sure. Можам искрено да напишам дека Анде има способност да ги води ликовите по многу патеки од книга до книга при што секоја од нив е поразлична од претхоната. Што не е случај со други автори, каде понекогаш имаш чуство дека читаш иста приказна. Но не во овој случај, не со книгите на Анде, а посебно не со најновата „Само Бог простува„. Во некој моменти се прашував што ли носи приказнава, а и се пронаоѓав како превртувам очи на одредена ситуација. Но сите тие заплети и делови толку добро се вклопија во завршницата, што ме натераа да останам без сон додека не ја прочитам до крај.
BTW: Кога рече ќе биде следната книга? :-)
p.s. за ликот на берберот случајно да не ти беше инспирација Марио ( you know who :-) )
Другари мои, имам да ви кажам нешто многу важно! Само што ја завршив книгата на Анде Јанков ,,Само Бог простува “ и да ви кажам дека нешто ,,позаебано” одамна немам читано.(Главниот лик е инспектор во полиција се вика Виктор. ) Во градот Скопје се случуваат убиства кои се толку професионални што никако полицијата не може да дојде до откривање на сторителот ниту на мотивот. Сторителот после секое убиство остава порака ,,Само Бог простува”. Кога на крајот полека се открива кој е се случува еден многу заебан момент на поврзаност со лице кое ни на крај памет може да ви текне. Ништо нема да кажам , да земете да си ја прочитате! Браво Анде Д. Јанков. Оваа ми е 4 -та твоја прочитана книга и слободно можам да кажам дека лично за мене беше најјака! 🏆🥇
Уште една интересна приказна, само што сега се работи за сериски убиец, а инспекторот Виктор Николов со неговиот тим од крвни деликти треба да го откријат. Многу добра осмислена приказна која вреди да се прочита, дали ќе го откријат Одмаздникот и која е причината за извршување на убиствата??? Кој се е вмешан??? Интересно до самиот крај, браво 👏👏👏 Се надевам дека се спрема и четврт дел од приказната за инспекторот, а и други потоа, со задоволство би ги читала.
Како што би рекол Анде, единствените работи за кои вреди да се пишува, се љубовта и смртта. Но, зошто всушност тоа го мисли Анде, но не само он туку и многу други? Малку повеќе од него за ова размислување открив додека сме на нашето honeymoon патување… Тој ни откри дека бидејќи љубовта е всушност најмоќната емоција, сила, но и една од најтешките емоции што треба да се објаснат. Љубовта е чувство, акција и поврзување. Додека пак смртта е прекин на животот, без разлика во кои различни случаеви може да се предизвика, како болест, самоубиство, убиство или некоја природна смрт. Во ова дело на Анде, и двете работи ќе ги сретнете подеднакво исто.
Веќе некои од вас знаат дека Само Бог простува е извонреден крими роман од Анде Јанков, всушност третиот дел од серијалот на Виктор Николов кој после Виенски Гамбит и Сигурен ризик ова дело неприкосновено го однесе Анде на врвот кој како одличен македонски автор оваа година ни даде извонредно дело за читање затоа што со неговото високо ниво на пишување во оваа категорија постави нови стандарди, кои он или некои друг ќе треба да ги помести со нови дела.
Дело каде што има убиство и истрага поради лихварство, потоа уште едно убиство со мистериозна порака на ѕидот за да ги замрси работите се до самиот крај, да следат и останати убиства од сериски убиец наречен “Одмаздникот”, каде што самите убиста не се поврзани, и секако кој за среќа бидејќи се е фикција во Македонија ова и го немаме, ниту пак сакаме да го замислиме, но Анде не замисли, малку подлабоко да размислуваме на тие работи, и што пример ако би биле?
Одличната порака за моралот и високата критика на нашето општество со кое Анде низ самата приказна ни ја покажа лошата, негативна и темна страна на здравството и судот, лави��интите со кои се соочуваме, митото каде што се повеќе е распространето и моќта на парите кое што владее се повеќе и повеќе.
Ова маестрално дело мене лично ме замисли многу повеќе за работите со кои лично со Анде ги поминуваме и ги видовме и на своја кожа заедно. Се прашувам колку сме ние подготвени да се жртвуваме за правдата, дали е човек спремен на се, дури и на лаги за поголема заработка и колку ќе не чини секој погрешен чекор за сето тоа?
Мене лично најмногу ми се допадна описот на ликовите бидејќи се многу детално објаснети и прикажани, исто како и местата каде што во ова дело Анде не прошета, иако тоа беше само во нашата мала Македонија, а одличните дијалози ме ставија на местото на самите ликови како тоа се и да било вистина. Анде се потрудил ��ногу да напише предобар заплет, а уште поуспешно да го издвои расплетот со пресвртот. Влегување на приватноста на карактерите, и детали за да ги откриеме ликовите се подлабоко и поприватно, а со тоа и да се поврземе се повеќе со нив.
П.С: Да не ви откривам многу ама Анде веќе работи на своето следно дело, а собира инспирација и можеби некоја идеја со локација за неговите следни дела, затоа останете со Анде и следете го, има уште многу што да ни даде.
Среќен роденден hubby, уште многу дела и нови заеднички патувања!
Во третата книга од серијалот за детективот Виктор Николов, тензијата и неизвесноста се задржани на малку поинаков начин. Во првата половина од романот владее еден мистериозен амбиент, без ниту еден осомничен, што може да биде фрустрирачко. Меѓутоа, чекањето беше оправдано – во втората половина, кога започнува расплетот, книгата добива динамика и адреналински тек што го прави читањето незаборавно. Максимално е постигнат ефектот на комплексна приказна која предизвикува размислување и ја држи неизвесноста до самиот крај.
“Минатото е само една станица, замка што емитува гравитација што може сè да консумира. Дека колку побрзо се соочиме и ги признаеме своите поранешни грешки, толку побргу ќе се излечиме себе си и конечно...ќе се смениме на подобро.“
“Дури ни најголемите успеси се ништо, доколку немаме со кого да ги споделиме како искуство, зарем не?“
За мене последна, инаку е трета по ред во серијалот. Ова е книга каде правдата се зема во свои раце, каде моралот се судрува со правдата, каде вината не може да се избрише со збор, а вистинското простување го дава само Бог. Ова е книга која те тера да размислиш дали простувањето треба да биде и твоја работа, дали треба опростиш за да не останеш заробен во канџине од минатото, затоа што никој не без вина, секој носи товар, но само Бог треба да суди. Интересна книга.
Е сега, читајќи го целиот серијал, сфаќаш зошто авторот не случајно ги избрал имињата на книгите, па дури и на ликовите,а секој наслов има посебно значење и за читателот, и за авторот и за тоа како се гради главниот лик. Насловите од книгите се маркери што ја водат структурата на нарацијата на авторот и психологијата на ликовите.
Ако во Виенски гамбит сфаќаш дека мораш да изгубиш нешто за добиеш нешто и дека жртвувањето станува предуслов за добивка, во Сигурен ризик учиш за илузијата на контролата – имаш избор, но исходот е непредвидлив до самиот крај. Во Само Бог простува се потсетуваш дека само Божјата правда треба да е над човечкиот суд, односно се поставува граница помеѓу правдата и одмаздата – никој не е невин и без гревови, никој не треба на друг да му суди или пресуди, па се прашуваш дали простувањето е можност или само илузија. Неизбежниот пораз во Кобајаши Мару ти го става животот на невозможен тест, ти дава на знаење дека и хероите губат и дека изборот не секогаш е помеѓу доброто и злото, туку изборот може да биде и помеѓу две зла, оти не се спасуваш, туку само ја менуваш ситуацијата, го менуваш системот, и нема победник, туку само некаков излез за сметка на тоа како се соочуваш со невозможните избори. И на крај Мементо Мори те потсетува дека си само обичен смртник и те насочува кон тоа да живееш како да нема утре. Секој чекор е потсетник на крајот, и не само во оваа книга, туку и низ целиот серијал.
Во целиот серијал моралните дилеми се водечката тема, како и само осудувањето и преиспитувањето на своите постапки и исходот од нив, стремејќи се да достигнеш подобра и поморална верзија од себе си. Љубовта е и присутна и неизбежна, каде главниот лик љуби силно, но и напати и несигурно, напати љуби и од далеку и таа ми е единственото катче што му нуди и заштита и поддршка за отпор. Женските ликови во серијалот се морално поцврсти, емоционално постабилни, емотивно потрезвени, знаат и да љубат и да простат, и да имаат трпение, и да се блиску, но далеку и далеку, но блиску.
Виктор или “победник“ е оној кој постојано се бори ем со тешки избори, ем со морални дилеми, ем со внатрешни конфликти и тој секогаш е “победник“ не само за криминалците туку и во битката што ја води сам со себе.
Даниел, мојата најомилена личност, чие име има библиско значење и значи “Бог е мој судија“ и го симболизира мотивот за правда и судење, притоа водејќи не кон борбата со човечката слабост.
Сандра (Александра) – “Заштитничка на луѓето“ ја преставува љубовта, грижата, надежта, простувањето, сложените човечки односи и потребата од разбирање и заштитување. Теона – “Дар од Бога “ – светла водилка, симбол на надеж која ги надминува човечките слабости.
Па Писателе, сега слободно можам да кажам дека со перото си испишал светови ишарени и со темнина и со светлина, и со љубов и со одмазда, и со добро и со зло, па си навезал човечки судбини што пулсираат и со страсти и со морални искушенија и на крај со зборови си исткајал сложена ткаенина од совест и свест, од одмазда и простување, од искушенија и избори,која ткаенина е истовременo и кинлива и силна. Си создал Ремек дело кое не потсетува дека животот е како шаховска партија од избори, потези, грешки и последици, дека ако простиш ти и Бог ќе прости, дека човечноста останува секогаш да се бори до последен здив, дека избор секогаш има и дека не си семоќен.
This series just keeps getting better and better. I loved the backstory of the villains, and how it unfolded all at the end with the police inspector basically doing to the secondary villains what was done to the primary villains years in the past. Top notch commentary on the themes of forgivement, responsibility and love.
Povtorno odlicno prodolzenie vo ovoj serijal. Istragata so seriskiot ubiec dosta realna i pozadinskata prikazna na negativcite pogodena za nasata zemja. Stilot na Jankov so sekoja kniga se povekje mi se dopagja.
„Само Бог простува “ е трилер кој откако ќе го прочитате ќе ве натера многу да размислувате, прелистувајќи го романот во вашата глава, одново и одново. Ми се допадна тоа што романот е доста суспенизен и полн со неочекувани изненадувања.
Avanturite na inspektorot Nikolov prodolzuvaat vo ovaa prekrasna prikazna. Smela kritika na makedonskoto opstestvo I sto toa pravi na covekovite sudbini
Samo Bog prostuva e najnoviot slucaj vo serijalot za Viktor Nikolov. Ande povtorno eksperimentira so zanrot, ovoj pat nosejki ni seriski ubiec na ulicite niz Skopje. Dosega najdobra od site.
„Само Бог простува“ е повеќеслоен роман што се занимава со повеќе сфери од нашето живеење.
Тука секој читател ќе најде по нешто за себе. Од силни симболи кои ја засилуваат емотивната нишка во дејството, меѓучовечки односи, одговорност, длабоки морални дилеми, критика на сѐ што заслужува да биде гласно искритикувано - судство, здравство, администрација и еден куп институции кои со најмала и најнаивна грешка може да уништат многу човечки животи.
Овој роман ви ги дава двете страни на паричката и ве остава во недоумица и во прашалници - како ќе постапев ако МЕНЕ ми се случеше ова, ако ЈАС се најдев во ваква ситуација?
Една зимска, декемвриска атмосфера во која само од трепкавите новогодишни светилки се наѕира некаква надеж дека убавите мигови допрва доаѓаат.