Jump to ratings and reviews
Rate this book

Закопана вистина

Rate this book
ВО СЕГАШНОСТА…
Софија има прекрасни родители кои ѝ пружиле сѐ што можеле и секогаш се грижеле да има убаво детство, среќен живот и родителска љубов. Тие исто така уште од рана возраст биле искрени со неа и таа знае дека била посвоена како бебе. Но тоа никогаш не можело целосно да ја пополни празнината во неа и да го изгасне копнежот да ја открие вистината за своето потекло, да дознае кои се нејзините биолошки родители и зошто се откажале од неа. Но се плаши дека таа вистина е премногу длабоко закопана и дека можеби никогаш нема да ја открие…

ВО МИНАТОТО…
Пред повеќе од дваесет и пет години, Наташа и Александар се запознаваат во Охрид и помеѓу нив веднаш се раѓаат силни симпатии, а набрзо и уште посилни емоции. Но Александар има тежок живот, особено по смртта на неговиот татко; сега тој е мажот во куќата и мора да се грижи за неговата мајка и неговата помала сестра. Иако навистина ја сака Наташа, кога во неговото семејство продолжуваат да се нижат трагедии, тој не може да си дозволи да ја стави нивната љубов на прво место.

236 pages, Paperback

Published January 1, 2022

Loading...
Loading...

About the author

Далибор Трајков

4 books13 followers

Ratings & Reviews

What do you think?
Rate this book

Friends & Following

Create a free account to discover what your friends think of this book!

Community Reviews

5 stars
42 (48%)
4 stars
27 (31%)
3 stars
12 (13%)
2 stars
3 (3%)
1 star
2 (2%)
Displaying 1 - 15 of 15 reviews
Profile Image for Draga Stavreska.
119 reviews4 followers
April 25, 2023
Како Охриѓанка можеби сум и малце пристрасна за книгава, но навистина ми остави многу добар впечаток.
Топла приказна која го држи вниманието до самиот крај.
Преубаво изградени ликови,прекрасен стил на пишување, а и самата должина на книгата не е ни прекратка, ни предолга.
Едвај чекам да видам што следно ќе ни приреди Далибор.
Profile Image for Marija.
708 reviews47 followers
July 25, 2022
Ова е приказна која не води низ сегашноста за да ја запознаеме Софија, млада правничка која работи во адвокатска канцеларија. Иако знае од малечка дека е посвоена, денот кога ќе запознае очајна мајка која сака да си ја врати својата ќерка која ја дала на посвојување, ја тера да ја дознае вистината за своите биолошки родители. Воедно авторот ни ја дава и приказната за родителите на Софија која се случува пред 25години.

Приказна која трогнува, ве држи цврсто, ве тера да да читате понатаму додека не ја прочитате и последната реченица. Ликовите се одлично осмислени и претставени, ги чувствувате блиски до вас па на моменти навивате за нив, тагувате и се нервирате. Се надевам дека за брзо ќе имам прилика да читам и нешто ново од истиот автор.

Моја препорака
Profile Image for Andriana Ristevska.
237 reviews27 followers
January 5, 2023
Софија е добра и амбициозна девојка која има прекрасни родители кои ѝ пружиле среќно детство и најдобра другарка која секогаш е тука за неа. Меѓутоа, откако ја дозна вистината за нејзиното потекло, таа не може а да не се запраша кои ѝ се вистинските родители и зошто не ја сакале. Почнува да се распрашува и со тоа ја отвора потрагата по вистината, но на нејзиниот пат стојат законите на државата. Дали воопшто вреди да си го расипува моменталниот мир за да добие одговори? Дали е спремна да ја дознае вистината која сите се потрудиле да остане длабоко закопана?

Пред дваесет и шест години во прекрасниот Охрид случајно се запознаваат Наташа и Александар. Нивните чувства се засилуваат со секоја следна средба и така тие стануваат заљубен пар. Доаѓаат од семејства со тотално различни ставови, но ним тоа воопшто не им смета, нивната љубов е искрена и посилна од несогласувањата на нивните родители. Но Александар има навистина тежок живот кој го натерал прерано да порасне, а тој живот се чини како да станува полош со секој изминат ден. Доаѓа до ситуација каде што треба да го одбере неговото семејство или Наташа. И иако ја сака како ниедна девојка досега, тој не може да си дозволи да го остави семејството кога најмногу им е потребен.

Која тајна се крие толку многу време и како ги поврзува животите на Софија, Наташа и Александар?

,,Закопана вистина" е одлично дебитантско дело на нашиот автор, Далибор Трајковски. Емотивна приказна за љубов која се роди во Охрид и за сите препреки на кои наиде истата. Стилот на пишување е многу топол, а пејзажите од Охрид се прекрасни.

Приказна за поимот семејство и што навистина значи да си создадеш свое. Многу ми се допадна како авторот ја пренесе пораката преку повеќе ликови. Тоа што Софија била израсната од посвоените родители во никој случај не ја промени нејзината среќа и перспектива на работите и затоа ми е омилен лик. Додека Наташа, која била израсната од вистинските родители, никогаш не го почувствувала родителското разбирање. Понекогаш се случува во странци да го најдеме она по кое копнееме да ни го пружи нашето сопствено семејство.

Книгата има привлечна и богата содржина која нема да го остави читателот сѐ додека не ги откопа сите добро зачувани тајни. Моја препорака.
Profile Image for Наташа Алексовска.
403 reviews11 followers
Read
November 5, 2022
Наташа и Александар ќе се запознаат во Охрид. Уште од почеток ќе се роди кај нив љубовта. Но, подоцна двајцата судбината ќе ги раздели на различни страни. А, тука ќе биде Софија којашто ќе биде во потрага по мајка и, што ја оставила уште од 3 месеци. Како во оваа приказна на Александар и Наташа, ќе се вмеша и Софија. Во кој правец ќе продолжат нивните животи?
Profile Image for Вики.
85 reviews
July 29, 2023
Морам да признаам дека сепак и јас сум пристрасна за книгава бидејќи сум од Штип, и ми беше страв да ја почнам од причина да не се разочарам, но напротив ме воодушеви!

Приказнава всушност започнува во Охрид со средбата на Наташа и Александар. Но најпрвин на првите страници од книгата се среќаваме со нивната ќерка Софија. Таа е прекрасна млада девојка, вработена како приправник во адвокатска канцеларија, каде што еден ден се среќава со млада мајка и таа средба го менува животот на Софија.

Софија од мали нозе знае дека е посвоена, но средбата со младата мајка ја тера да ја започне потрагата по нејзината биолошка мајка... знае дека ако почне потрага по институциите, ќе наиде на ќорсокак. Случајно наидува на фејсбук група каде што деца, браќа и сестри, родители си ги бараат своите блиски, и одлучува да си ја проба среќата таму.

За некое чудо, ја контактираат од групата и со една средба помеѓу Софија и администраторката на фејсбук групата започнува потрагата по закопаната вистина за љубовта помеѓу родителите на Наташа, нивното минато, но и иднината на Софија.

Книга која се чита во еден здив и нема да ве остави рамнодушни!
Profile Image for Kiril Ангелов).
Author 3 books22 followers
October 25, 2025
Авторот умешно ги прикажува судбините на Македонците кои се такви какви што се: сирови, сурови, болни и полни со љубов и надеж. Овие животи ни се блиски, секојдневни, до нас, во нас.

Ми се допадна поделбата на временските периоди. Трагедиите на Александар и Јована се ехо на едно општество кое е таму каде што е. Морам да напишам дека нивната приказна (судбина) ме трогна многу повеќе од онаа на Софија и Наташа.

Единствената замерка ми е што посакував делото да е подолго и повеќе да се обработат и претстават приказните и животните судбини. Но и вака, приказната е цела и на тацна ни ги дава расечените души на ликовите.

Моја топла препорака.
Дело кое мора да се прочита.
6 reviews
Read
January 25, 2026
Љубов,тага солзи едно топло лето во Охрид се запознаваат Наташа и Александар
Profile Image for Јована Станковска.
43 reviews2 followers
May 24, 2025
Страна бр. 234: "Јована и нејзиниот сопруг Благоја"
Страна бр. 235: "Јована и нејзиниот сопруг Борис"...

Кога и на писателот не му е гајле за неговите ликови.. зошто би ми било мене?
Profile Image for Никола Митовски.
Author 2 books10 followers
June 23, 2025
Не знам зошто ми требаше олку време да ја прочитам ама ете.. го прочитав првиот дел и стигнав до вториот дел запознавањата на Александар и Наташа и не ме привлече делов и после забораив на книгава се до овој момент. Ја прочитав во еден здив. ( Се чита во еден здив.. ) Ми се допаѓа во глобала освен трагедијата што ги снајде Александар и Јована, не беше толку болна смртта на татко им како смртта на мајка ми.. премногу трагично, мислам дека и непотребно, во секој случај одлична книга! Симнувам капа на МАКЕДОНСКИ автори 🤗
This entire review has been hidden because of spoilers.
Profile Image for Aleksandra Stojanoska.
107 reviews7 followers
May 12, 2025
Закопана вистина е првенчето на Далибор. Ова е една кратка и јасна приказна, која не ве остава рамнодушен. Ве трогнува вистинската љубов, одлуките кои мора да се донесат, а не знаете дали се исправни. Ве боцка до коски предавството на родителите, ви се кине душата кога се превара ви го одземаат најмилото, ве тера да размислите дали треба сами во душата да ја носите тежината на тајните и тоа дека ниедна закопаната вистина не останала засекогаш закопана. Далибор ја чепнал темата за посвојувањето и тежината што ја носат и оние кои се посвоени, и оние кои посвоиле, но и оние кои се одлучуваат да си го дадат детето на посвојување. Иако ми капна некоја солза од очиве, навивав за тоа сите како семејство да сретнат и да бидат заедно.
Profile Image for Marija Pashovska.
14 reviews2 followers
January 30, 2024
Горчлива и многу болна тема за голем број на луѓе засегнати со посвојување и т.н оставање или давање на посвојување. Темата е одлична но содржината ми е штура, како празна да е некако. Како да сакал авторот да ја скрати приказната а незе и треба широчина. Втора книга ми е од авторот, и за првата бев малку критична, сепак е наш човек, не смееме да дозволиме да се "опушти", ако планира да пишува и понатаму треба да поработи на стилот и развивањето на дејствието.
Profile Image for Stef .
95 reviews
January 19, 2025
Многу убава и лесна книгичка за читање, со одлично осмислена приказна. На почетокот ми беше тешко додека да се навлечам на приказната, но потоа многу сочувствував и се поврзав со ликовите, нетрпеливо чекајќи да си го добијат среќниот крај. 🤍
1 review
September 12, 2022
Убаво обработена приказна, но бидејќи имаше многу грешки во книгата оценувањето за истата го сведив на 3*.
Displaying 1 - 15 of 15 reviews