Се’ повеќе и повеќе се вомјазувам од творештвото на Чашуле. Неповторливо уживање е читањето на неговите книги. Во романот се прикажани дванаесет записи за судбините на луѓето од измисленото гратче Бразда. Овие записи градат една целина која се базира на едно „недоразбирање“ уште на самиот зачеток на романот. Од друга страна, дури и да се читаат одделно, може да бидат сосем независни. Дејството се одвива во годините по војната, а ликовите се навидум обични луѓе, кои секојдневно ги среќаваме во нашето опкружување, секој со свој нарав. И како што во еден дел на романот се вели: „Не е мала работа да се стигне дотаму да не се живее само својот живот, туку и животот на сите што чемреат по книгите и чекаат, пекаат, некој да ги оживее, да ги сети за свои.“