Што се случува кога двајца другари даваат заклетва дека ќе загинат за татковината, но едниот ја прекршува истата? Во овој роман се испреплетени две страни, кои започнале од една иста идеологија-една страна прикажана преку пасивниот Арсо, а другата преку бунтовниот Гриогор. После завршувањето на солунските атентати, и покрај заклетвата да се загине за татковината, по горкиот хумор на судбината, Григор и Арсо остануваат живи. Пасивниот Арсо ова го смета за грев. За него, херој може да се биде само во смрт. Жив херој не постои. Во неговото срце се шири пустина, и единствен спас, единствена оаза за него е токму смртта. Но, Григор, иако започнал со иста идеја како и Арсо, тргнал по друга страна од раскрсницата. Во него се раѓа нова идеа- желба да продолжи да дејствува, да ја продолжи гранката посеана од неговите загинати другари. Се буди и сваќа дека она што тие го започнале како солунски атентатори, таа борба конечно да се ослободи татковината од туѓите канџи, може да се исполни само доколку остане жив, доколку продолжи да се бори. Херој може да биде само жив човек, а не оној закопан под земјата.
Иако го сваќам ставот на Арсо, сепак, ако би требало да заземам нечија страна, би ја заземал онаа на Григор. Романот е таков. Прикажувајќи ти ја длабоката психа на двата главни ликови, те тера да заземеш нечија страна, а истовремено, (и ако веќе си одбрал една) да ги разбереш ставовите и на двајцата, без другиот да го обвинуваш. Прекрасно, и трагично, историско-психолошко дело. Вреди да се прочита.