Академик Божин Павловски (7 јануари 1942, с. Жван, Демирхисарско) е познат македонски писател. Завршил Филозофски факултет во Скопје и извесно време работел како новинар. Основач е на издавачката куќа „Мисла“ во Скопје, и бил долгогодишен главен уредник на истата. Исто така, основач е на издавачката куќа АЕА, основана во 1992 година во Мелбурн, Австралија. Книгата „Роман за моето заминување“ ја освои наградата за најпродавана книга на Меѓународниот саем на книгата во Скопје (2002 г.), а „Патувањето со Љубената“ ја доби Интербалканската награда за книжевност во Солун (2002 г.). Член е на Македонската академија на науките и уметностите, и на Друштвото на писателите на Македонија (од 1964 година).
Академик Божин Павловски живее и твори во Скопје, Македонија, и во Мелбурн, Австралија. Делата на Божин Павловски се преведени на дваесетина јазици, меѓу кои: англиски, француски, руски, српски, италијански, романски, албански, словенечки и други јазици. Дела: Игра со љубов (роман, 1964) Фантасти (раскази, 1964) Миладин од Кина (роман, прв дел, 1967) Лудисти (раскази, 1967) Миладин од Кина (роман, втор дел, 1968) Македонците зад Екваторот (патописна проза, 1971) Дува (роман, 1973) Австралија, Австралија (сценарио за документарен филм, 1975) Вест Ауст (роман, 1978) Црвениот хипокрит (роман, 1984) Уткини соседи (роман, 1987) Враќање во сказните (роман, 1989) Дува и болвата (роман, 1997) Подвижни гробови (роман, 1998) Патување со љубената (роман, 2000) Египетска сонувалка (роман, 2001) Изгубени во рајската градина (роман)