Возбудлива, потресна, но истовремено и охрабрувачка приказна за едно дете фатено во костец со алкохолизмот на својот татко. Симчо е примерен шестоодделенец, кој живее во дом растргнат меѓу лошиот животен стил на татко му, бескрајната загриженост на мајка му и нивните меѓусебни кавги. И покрај сите предизвици, Симчо наоѓа сила да се справи со неволите во кои е вовлечен без своја вина, со осудата и неправедниот однос на околината и, конечно, со својот честопати груб и неодговорен татко. Истраен и искрен, Симчо всушност е столбот врз којшто ќе се потпре неговото семејство и ќе го најде патот кон посветла иднина...