Збирката раскази „Душа носиме“ е составена од триесет и осум кратки раскази, различни по жанр и по тематска определба, мошне кохерентни во стилска смисла, со грижлив одбир на мотиви и од урбаната и од руралната средина... Во средиштето на сите збиднувања е ЧОВЕКОТ, најчесто современикот, растргнат помеѓу заветот за спокојство наследен од предците и неумоливиот ритам на модерното секојдневие.