Jump to ratings and reviews
Rate this book

Тесна врата

Rate this book
Определувајќи се за современа тема, досега неначната во прозните преокупации на македонските автори, Николова во својот роман „Тесна врата“ го истражува односот меѓу атеизмот и верата, проблемите пред кои е исправен современиот човек во постојаната борба и настојување да го преиспитува и осмислува сопствениот живот, да ги открива неговите вредности и заблуди, неговите етички компоненти.

И веднаш ќе речеме: овој роман на Николова, по својот тематски опфат, по богатството и по слоевитоста на својата композициска структурираност, по недвојбеноста на своите естетски вредности, по завидното мајсторство, бездруго спаѓа меѓу најуверливите романескни резултати во македонската прозна продукција.

Hardcover

First published January 1, 1983

Loading...
Loading...

About the author

Оливера Николова

29 books19 followers
Оливера Николова е родена на 11 март 1936 година во Скопје. Дипломирала на Филозофски факултет при Универзитетот "Св. Кирил и Методиј" во Скопје. Целиот работен век го поминала во Македонската радио-телевизија, работејќи како уредник и драматург. Таа e член на Друштвото на писателите на Македонија од 1963 година.
И покрај богатиот книжевен опус, Оливера Николова е најпозната како автор на првиот градски лик во македонската литература - Зоки Поки. Во октомври 2012 година, за романот "Куќичка", таа била номинирана како македонски претставник за наградата "Балканика".

Творештво:

Зоки Поки (проза за деца, 1963)
Ден за летување (раскази, 1964)
Тајната на жолтото куферче (роман за деца, 1965)
Земјата во која никогаш не се стигнува (повест за деца, 1965)
Зимски детективи (роман за деца и млади, 1972)
Пријателите Бон и Бона (роман за деца, 1974)
Сребрено јаболко (комедија, 1975)
Чук, чук, Стојанче (пиеса за деца, 1976)
Мојот звук (роман за деца и млади, 1977)
Тесна врата (роман, 1983)
Тажниот весел Владимир (проза за деца, 1984)
Умна глава (пиеса за деца, 1984)
Девојките на Марко(роман за деца и млади, 1987)
Љубоболки (роман за деца и млади, 1988)
Домашни задачи (роман, 1989)
Камерата на Борис (проза за млади, 1989)
Преминот е осветлен (роман за млади, 1990)
Шифри на каменот (роман за млади, 1993)
Бели стапки (роман за млади, 1993)
А, Б, В... (сликовница за деца, 1993)
Тромбот (роман, 1996)
Белиот чад (роман)
Тесна врата (роман)
Адамовото ребро (роман, 1999)
Вежби за Ибн Пајко (роман, 2000)
Левата комора (раскази)
Куќичка (роман, 2012)

Награди:

РТВ Скопје на СВП
„Младо поколение“
„Змаева награда“
„Стале Попов“
Рациново признание

Ratings & Reviews

What do you think?
Rate this book

Friends & Following

Create a free account to discover what your friends think of this book!

Community Reviews

5 stars
1 (50%)
4 stars
1 (50%)
3 stars
0 (0%)
2 stars
0 (0%)
1 star
0 (0%)
No one has reviewed this book yet.