Книгата „Заточението во Сахара – Фезан“ (том 9), првпат објавена во 1910 година, во Софија, е првиот мемоарско-историографски труд на Павел Шатев, со кој тој го најавува својот обемен научен и публицистички потенцијал. Само по две години по неговото ослободување најплодниот регистратор на македонското револуционерно движење, штипјанецот проф. д-р Љубомир Милетич, ќе ги објави неговите искажувања дадени во 1908 година, преточени во изданието „Солунскиот атентат и заточениците во Фезан“, како дел од „Материјалите за историјата на македонското ослободително движење" на Македонскиот научен институт во Софија.