„Погорелци“ од Владимир Плавевски содржи ексклузивитет на темата што ја обработува како и начинот и стилот како ја обработува оваа за нас речиси непозната тема. Имено, веднаш по катастрофалниот земјотрес во Скопје на 26 јули 1963 година, поради тешките услови на живот, сите деца од школска и гимназиска возраст биле евакуирани во градови ширум тогашна Југославија. Авторот раскажува за себе и децата кои отпатувале во Словенија и биле сместени во Марибор и Птуј.