Jump to ratings and reviews
Rate this book

Последна граница - Книга ТРЕТА: За грст пекол

Rate this book
Веќе век и половина човештвото водено од челичната рака на општественото уредување наречено „неократија“ го доживува својот процут. И додека некои од Големите Куќи полека и срамежливо чекорат кон новата ера наречена Sвездена експанзија и ги градат првите меѓуѕвездени бродови, Големите Куќи од архипелагот Вега се соочуваат со најголемата закана од нивното постоење.
Древниот непријател се враќа и ништо не може да го сопре во намерите.
Освен, можеби еден човек...

„Кога со уникатни размислувања за напредокот на општеството и технологијата ќе ја зграпчиш имагинацијата на читателите, не добиваш научна фантастика, туку можна иднина.“ - Билјана Богдановска (новинар „Независен весник“)

„За научната-фантастика најчесто велат дека е без душа. Ова дело дефинитивно ќе им го промени мислењето!“ - Верица Марковска

446 pages, Paperback

Published August 1, 2022

6 people want to read

About the author

Зоран Милошевски

6 books39 followers
Роден е во 1981 година во Битола.
Основно и средно образование завршил во Ресен, дипломирал на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје.
Живее и работи во Ресен, Македонија.
„Сага за Тројство“ (ПНВ Публикации, 2018) е негово прво објавено дело.
Серијалот „Последна граница“ е составен од деловите: „Истапени сечила“ (август 2019 год.), „Бунар оловни солзи“ (септември 2021 год.), „За грст пекол“ (август 2022 год.), „Калени во крв“ (април 2024 год.) и петтиот и последен дел со наслов „Кобалтна плима“ излезе од печат во август 2025 година.
Првиот дел од новиот серијал „Хрониките на Гарибалди“, со наслов „Децата на Митридат“ е завршен и треба да излезе од печат пред крајот на 2025 година.
Моментално работи на вториот дел од серијалот со работен наслов „Пурпурен гамбит“.

Ratings & Reviews

What do you think?
Rate this book

Friends & Following

Create a free account to discover what your friends think of this book!

Community Reviews

5 stars
10 (100%)
4 stars
0 (0%)
3 stars
0 (0%)
2 stars
0 (0%)
1 star
0 (0%)
Displaying 1 - 9 of 9 reviews
Profile Image for Јордан Kocevski).
Author 10 books147 followers
June 6, 2024
Ја густирав полека, посебно затоа што приказната ми беше многу поинтересна од претходните две книги.
Прво затоа што Зоран го градеше светот во претходните две книги, со што оваа е ослободена од тие моменти, и акцентот е повеќе на дејството и интригите.
Се разбира војводата е тука за да навиваме за него, да нѐ држи во тензија и да се надеваме дека конечно ќе го најде сопствениот мир.
Интервентите се повеќе во светло сега и дознаваме повеќе и за нив и нивните цели.

Одлична научна фантастика!
Profile Image for Andriana Ristevska.
226 reviews21 followers
March 1, 2025
,,Загубата на секој живот е трагедија сама по себе, но токму таквите моменти треба да ни бидат потсетник колку, всушност, сме кршливи, колку всушност животот е патување со карта во еден правец и дека тоа што ќе го направиме додека сме живи ќе одекнува низ Вечноста."

Дали го знаете оној момент кога авторите ќе те натераат да се заљубиш во некој лик и веќе во следната страница го 'убиваат'? Не знам за вас, ама мене тоа воопшто не ми се допаѓа. За среќа, во случајот кај Зоран, тоа е сосема спротивно.

Во овој трет дел, приказната продолжува како што никогаш не би погодила. Анести се враќа во едно поинакво време. Светот кој го знаел се променил, но тешко е да се каже истото и за луѓето. Големите куќи цврсто чекорат во иднината, се градат меѓуѕвездени бродови, меѓутоа во Големите Куќи од архипелагот Вега се вклучува алармот за тревога. На нивниот праг пристигнува закана која може да ги избрише од историјата. Сфаќајќи дека се беспомошни, очајнички посегнуваат по единственото решение, односно човек.

Па, не можам да ви опишам колкава беше мојата среќа кога Анести повторно се појави! Иако не е на начин на кој јас би сакала, по читањето сфатив дека е совршено осмислен тој дел.

Луѓето кои ги имаат картите во своите раце мислат дека Анести е џокерот - најпосакуваната карта која постои. На некој начин тоа е точно. Меѓутоа, доаѓа момент кога храброста, борбеноста и неговата моќ да излегува од урнатините на војната како херој не се доволни за да ја надвладеат неговата добрина и неговата совест. Само затоа што тој секогаш победува, не значи дека ќе се бори за нешто што веќе нема смисла и по секоја цена. Моментот кога неговата моќ се користи како алатка за мерење на его, тој ја повлекува линијата. Како што Зоран многу убаво му дал глас на еден лик, цитирам:

,,- Не се бореле?
- Не!
- Но, тука нема чест. Зошто заминале туку-така? Без борба?
- Не е срамно да заминеш! Особено ако не е твоја војна..."

Многу убаво можеме да ја забележиме внатрешната борба на Анести. Но, она по кое тој се разликува од останатите е тоа што секогаш се бори за некоја важна цел, за доброто на народот. А никогаш за докажување и само затоа што може.

И во рецензиите за претходните книги имам споменато дека Анести ми е омилен лик. Ама сега? Мислам дека никој нема да може да создаде ваков лик, колку и да се обидува. Доколку не ви се допадна Анести во претходните книги, сега ќе паднете на неговата интелигентност и, па... човечност. На неговото маестрално размислување, интелигенција и храброста да стои сам против илјадници. Анести е најдоброто нешто што му се случило на македонската книжевност.

Можам со часови да зборувам за другите ликови и сите теми кои ги допира оваа книга, но не сакам многу да откривам бидејќи делата на Зоран треба да се читаат со целосно внимание и без да знаеш нешто за содржината. Зоран создал еден свет кој веднаш те зграпчува и никогаш нема да те пушти. И 100 делови да има од оваа приказна мене нема да ми се доволни, го обожавам овој свет.

Крајот е еден од најуникатните што ги имам прочитано. Ме остави да гледам во празен ѕид и да се прашувам како би можела да продолжи приказната. Одвај чекам да дознаам што уште ни смислил брилијантниот ум на Зоран.

,,За грст пекол" е едно возбудливо четиво кое сосема ќе ве исклучи од реалниот свет и ќе ве телепортира во друг свет. Ќе седите на работ од столчето во исчекување на крајот. А тој толку ќе ви ја заскокотка љубопитноста што веднаш ќе се упатите во книжарница за да си го набавите четвртиот дел.

Со прекрасната нарација, хуморот, одличното развивање на ликови и приказна и топлината со која твори Зоран, слободно можам да кажам дека за мене стигна на исто рамниште со Зафон, иако се различни жанрови и стилови. Никој не стигнал ниту приближно блиску до тронот за мој омилен автор, ама Зоран полека, но сигурно се искачи на тоа место.

РЕМЕК-ДЕЛО!!!
Profile Image for Елена.
291 reviews4 followers
June 10, 2025
Совршено продолжение на Бунар оловни солзи.

Правецот на каде се движеше дејството не го предвидив и можев целосно да си уживам во неизвесноста и емоционалната длабочина на приказната. Особено ми се допаднаа главите со старецот, Јасмина и нашиот херој. Хуморот, акцијата и пораката на делото се незаменливи.

И се разбира, најповеќе ме погоди она: „Конечно!" на Леви Антона упатено кон Анести Симон.
6 reviews
December 4, 2022
Во третиот дел од романот, нашиот Анести се буди како феникс во едно друго време. Светот е сеуште една голема шаховска табла, чии фигури се движат водени од влечењето на конците од страна на интервентите.
Ја запознаваме прекрасната силна амазонка Лаура и совршено исткаениот лик на капетанот Ривера. И Тема, можеби најмаркантната личност која ја обвива истовремено аура на средновековна принцеза и мудра дама која "старееше божествено".
Авторот развива еден неизбежен след на настаните и притоа несакајќи допира во суштината на човековото битисување, во неизбежноста на синџирот на раѓање, развој и умирање, како и неможноста да се делува на реалноста и сопствениот живот кога група на моќници раководат со светот.
Книгата има јасен и прецизен завршеток со ненападно навестување за ново дело.
Дискретна депресија се чувствува при крајот на делото, кога авторот со срце се внесува во пишувањето и срамежливо ни дозволува да ѕирнеме во неговата душа.
Profile Image for Goce Markovski.
6 reviews2 followers
January 19, 2023
За Грст Пекол
е третото продолжение од серијалот Последна Граница. Последната граница се уште не е достигната, но човештвото сигурно чекори кон неа.
Откако ќе биде осигурен опстанокот на цивилизацијата на земјата, следниот чекор е освојување на ѕвездите.
Сите предуслови се постигнати, но сепак треба да се надмине човековата природа и склоноста за самоуништување.
Авторот многу успешно ни доловува кои се тие предуслови, но и пречките на патот кон успехот.
И третиот дел, како и претходните два, изобилува со исклучителна акција, се разбира прилагодена на духот на времето, како и прекрасно изградени и обликувани ликови со кои многу лесно можете да се соживеете.
Веќе за овој дел може комотно да се рече дека припаѓа на жанрот научна фантастика и тоа, како што некој претходно истакна, "научна фантастика со душа".
Најискрено ги охрабрувам сите читатели на жанрот, но и оние другите, да го прочитаат серијалот и да не го пропуштаат едно од најголемите дела создадени на овие простори.
Profile Image for Biljana Bogdanovska.
189 reviews3 followers
January 20, 2023
Третиот дел интересен. Сега нестрпливо го чекам четвртиот. Можеби токму после овој дел имам најголема желба за продолжение. Светот, речиси два века од сега, е „заробен“ од ТА Сојузот и некако како да чмае во еден привиден мир. Желбата за борба, за престврт тлее во неколкумина, но во реалноста, навидум, сѐ е мирно. Сепак, плановите на моќниците се коваат далеку пред тоа, па војводата Анести Симон Рико 40 години се чува во „Гробје“ за да биде „воскреснат“ со цел да донесе промени. За очекување е дека за таа цел тој ќе употреби оружја од своето време, оние кои современиците ги отпишале и речиси да ги чуваат како музејски поставки. Сепак, во овој дел борбите кои следуваат не се така масовни, плановите не се да се мобилизираат армии на различните куќи и сојузи, туку повеќе како герила акции на поединци, но акции кои овозможуваат промени од невидени размери.
Интересно е што Братството на Интервентните, оние кои ги повлекуваат конците, не се кријат така добро како претходно. Охрабрени се да се појават, лично да надгледуваат, но плановите им се далеку поамбициозни. Па, лично присуство, дава на тежина на задачата.
Покрај Анести Симон, кого го знаеме како луд индивидуалец, кој не размислува два пати ако треба некој да биде жртвуван за поголема цел, се појавуваат уште неколку ликови, исто одлучни. Ме изненади и моќта која е дадена на Тема, жена зад која стои еден скршен живот, но како Феникс од пепелта се крева цврст лик, на кој речиси случајно му е дадена шанса за „втор живот“. Амазонката од Антона, која треба да го штити војводата (а таа задача ѝ предизвикува жолчна нервоза) се топи пред она што го гледа, па научената омраза кон војводата, на крај преминува во огромна почит, но не и љубов.
Проклетството на Симон Рико, да не остави потомство зад себе, туку во општествените мешаници да биде оној кој ќе пресече, продолжува, но неговата смрт не го спречува да постои.
Човештвото стигнува до најдалечните населиви ѕвезди, благодарение на беспрекорниот план на интервентите, со помош на наследниците на Дага, а Куќата Толберт е тука да направи баланс, како чисто зло.
Во чест на Анести, по неговата смрт, се појавува нова Куќа, наречена по него. Ако само малку го следат неговиот пример, во следниот дел Куќата Симон, треба да направи огромни промени. Но, за тоа ќе почекаме. :)
Profile Image for Vladimir Temelkovski.
7 reviews
February 14, 2026
„Иронијата на предавството е во тоа што никогаш не доаѓа од твоите непријатели. Но затоа одмаздата доаѓа...„

Беа едни од зборовите кои ми оставија голем впечаток при крајот на овој дел.

Како и другите два дела, оваа книга ми беше вистинско уживање. Приказна каде човештвото конечно храбро тргнува кон ѕвездите. Самата идеја за Sвездената експанзија ми го погоди точно оној „sense of wonder“ што го барам во научната фантастика.

Најмногу ме копка што ќе пронајде нашиот херој таму далеку (дали е тоа нашиот херој, actually?). Зоран умешко и дискретно ни најавува дека има нешто таму, но фокусот ни го задржува кон фактот дека мисијата за експанзија е успешна. (I see what you did there!)
Дали ѕвездите носат нов дом или нова војна?

Морам да признаам дека мистериозното оружје што „никнуваа“ во иднината ми беше еден од најинтересните елементи што дополнително ми дава желба да ги прочитам и другите делови од серијалот. Секако, сакав дури и повеќе детали за се сега и одма, но морам да бидам трпелив.

И сега најголемото прашање за мене е што ќе направат интервентите? Имам чувство дека нивната улога допрва ќе стане клучна или неважна, толку далеку.

Како за крај на ова ревју, мислам дека ова би бил одличен хит доколку се преведе и стигне во рацете на поголемиот свет. Storyt telling, plots, се е тука и има огромен потенцијал.

Одам да го почнам четвртиот дел!
This entire review has been hidden because of spoilers.
Profile Image for Кире Мастерс.
48 reviews2 followers
August 17, 2024
Околу 40 години се поминати од настаните претставени во вториот дел. Во екот на старо-нова закана, некои ривалства се претвораат во сојузништва, а некои се продлабочуваат.

Братството на Интервентите се сеуште присутни, сега повеќе од било кога. Тие го водат човештвото по патот кој го имаат зацртано, а крајната дестинација на дел од тој пат е меѓу звездите - колонизација на нови планети. За оние кои ќе бидат избрани, се разбира. Во време кога религиите се речиси минато, Тие се ставаат во улога на "Бог" кој ќе ги води "избраните".

Но, за да бидеш "Бог", прво треба да можеш да се справиш со "Ѓаволот". А Тој само што се буди од 40 годишна хибернација...
Displaying 1 - 9 of 9 reviews

Can't find what you're looking for?

Get help and learn more about the design.