Што ако обвинетиот ви каже дека зад убиството на неговата сакана стои „човекот од прозорецот“ на петти кат, без начин како некој би се нашол таму? Би му поверувале ли? Што ако се работи за некаков паранормален феномен? Би се соочиле ли со него? Ако дознаете дека зад тоа се крие голем заговор и тајна организација која ќе ве прогонува? Ќе имате ли храброст да продолжите?
Новинарот Мите е решителен да ја открие мистеријата зад „човекот во прозорецот“ по секоја цена, иако не е свесен што сè ќе треба да жртвува за да го направи тоа.
Додека тој е посветен на истрагата на феноменот, неговата пријателка Катерина работи заедно со татко му, Лазар, за да му помогнат и да ја разоткријат тајната организација која се обидува да го спречи Мите, пред тие да успеат во тоа.
Born in 1983, Jordan has set his path for an academic carrier, getting his Ph.D. in Tourism and hospitality management in 2014. He has written more than 30 papers before he got bored and decided to follow his life passion, fiction writing.
His first comic anthology as a scriptwriter, co-authored by Dargo Bogdanov, "Мрак Хумор Тишина" (Darkness Humor Silence) was published in 2014, while his first graphic novel, a co-lab with the same illustrator, "Витези од соседството" (Knights of the neighborhood) was published in 2016.
The short stories collection he pretends not to exist is "Време за живеење" which was published in 2001. The reactions of the readers to his first novel "Тегли" (Jars) published in 2021, proved that he knew what he was doing, so he decided to write even more. And so "Заследи ме" (Follow back) and "Наследство: Прозорецот" (Legacy: The window) followed in 2022 and "Зборови" (Words) in 2023.
He has won two awards for the short comic "Our Eden", illustrated by Darko Bogdanov, won an international competition with "Dragon Slayer Wanted" illustrated by Andrej Manev, and an award for the best emerging author for the book "Прозорецот" (The Window).
His book "Зборови" (Words) was acknowledged as best domestic novel for 2023 by the largest reader's comunity in Macedonia "Размена на книги и книжевни муабети".
He lives in Ohrid, feeding on its mysteries and beauties, while working as a tour guide and an editor for the electronic literary and arts magazine "(e)Lit".
Стојам до прозорецот и мислам што би направила доколку од ведро небо ми се појави 'друг човек од прозорецот'. Не зборувам за моето алтер его, туку за пион од таблата на тајната организација која оперирала за времето на Југославија и многу лица ги избришала од видик, тивко и без глас да им се слушне. Колкумина исчезнале под превезот на мистериозноста или пак бројат соѕвездија во некоја ментална установа?
Јордан уште со првите неколку реценици ме поврза со мојата омилена Тес Геритсен. Всушност единствената нејзина книга за која и дадов четворка беше поврзана со паранормален феномен ("Призрак во ноќта") и слободно ќе речам од денешна перспектива добив впечаток како Јордан да ја пишувал во нејзино име. Среќата му беше наклонета, па ова парче хартија, во кое влегувам како прваче низ ,прозорецот' е една сосема автентична патека по која почнува мојата читателска тура 'А ла Јордан'.
Попатно се сретнав со ликот што го носи името на татко ми, негде при крај тука веќе беше и ликот со името на дечко ми. А приказната си течеше како мирно поточе во планина, додека јас за кратко се навлеков и останав без спиење заради Кате.
Ќе се вратам на почеток. Мите е истражувачки новинар кој пливајќи во длабокото доаѓа до информации со кои и самиот нема да знае како да се справи. Организација, заговори и човек кој ќе Ве упати да го барате 'човекот од прозорецот'. До него рамо до рамо, храбро и непоколебливо чекори Катерина, која е решена да му помогне на Мите да ја раскринка целата приказна за овој феномен. Бидејќи правото е слепо, правдата порано или покасно мора да излезе на виделина. Кон истрагата за организацијата ќе се приклучи и таткото на Мите, Лазар, кој располага со податоци и имиња кои ќе бидат доволен показател дека неговиот син бил на вистински пат. Додека организацијата ги демне, фитиљот во ламбата се' повеќе се гасне навестувајќи го крајот на тунелот. Ама сепак, се' уште чекориме во темница.
Што направил Јордан? Ќе се осмелам да речам еден мал бум во нашето книжевно друштво, отскокнувајќи не само со пристапот кон неговата приказна, туку и темелната обработка на ликовите. Автентичноста преку неговиот охридски дијалект, точно дозирана, ме инфилтрираше уште повеќе во веродостојноста на самиот тек на настаните. Ова беше една секвенца во која се 'возев' гратис, а доживеав многу повеќе од очекуваното. Со нетпрение го чекам продолжението.
Чинам последниот пат кога читав книга додека одев беше во 2003 година во Велес. Се сеќавам, ја читав Order of the Phoenix, и одев по опасниот железен мост накај дома. За среќа, овојпат немаше опасности додека ја читав Прозорецот, барем не физички - иако ја читав во такси, ресторан, парк. Но, имаше грст ментални опасности. Делово е возбуда од чудни, нови и прекрасно исткаени приказни.
Јордан ни дава еден нов, паралелен свет во оваа држава, на Балканот. Свет во кој многу нешта можеби се вистина а не ги знаеме, а можеби и не се а би можеле да бидат. Прозорецот е една возбудлива трка со еден непознат феномен, но присутен со децении. Растегливоста на приказната дава посебен шмек, испреплетувајќи детали, информации, факти, преубаво склопени во ова дело. Првиот дел е толку возбудлив што се фатив себеси како го прелистувам неколку пати.
Поглавјето 22 со Дарко, Генти, Лазар и Бак е маестрално напишано; тензично, посебно, интересно, уникатно.
Како и во секое дело, и тука имаше нешто кое посебно ме трогна: „Катерина се заврти кон него и пред тој да може да направи што било, го прегрна. Дотогаш не знаеше колку му требало прегратка. Чувството на нејзините раце околу него, допирот на нејзиното тело на неговото, мекоста на нејзините гради... За момент беше спокоен, без грижи, но само за момент. Потоа, враќајќи се во реалноста ја возбрати прегратката и посака да заплаче. Да падне на колена пред неа како малечко дете, да ја стави главата на нејзиниот скут и да ги исплаче сите свои грижи и проблеми. Но не можеше, не сакаше да ја вовлече и неа во шти и да се беше заплеткал.“ - ме помести малку, ме растрепери, ме потсети на некои нешта кај мене.
Крајот е таков каков што сакам. Едвај чекам да почнам со следниот дел. Не се сомневам дека ќе е исто толку маестрален и умешно напишан како и овој.
Продолжи да твориш Јордан, и да ни подаруваш вакви необични приказни кои ќе останат.
Екипо, братов Јордан тука напраил партали! Се мислев, се мислев... Дали Прозорецот ми ја надмина Тегли. И смислив. За малку, ама ДА! Во претходните муабети преврќав очи кога ми рече ами вметнав паранормален елемент. Ја викам е зш бе Јордане? А он вика е зш да не мор 🙄 и така... Е сега... Тоа што вметнал паранормален ефект ја праи книгата ЛУДИЛО! Стилот на Јоцо, маестрален 🤍 деќки... Не стојте близу до ПРОЗОРЕЦОТ!!! Во спротивно ќе претрчувате пред прозорци ко ја 😕 читајте и ве чекам на дискусија. И да... Горда сум да кажам дека Прозорецот е во издание на Антолог 📚
На стилот на Јордан се навлеков уште со неговото првенче, Тегли. Ме освои со црниот хумор, динамичната приказна и прекрасната градација на ликовите. Потоа, преку Заследи ме, само ми потврди дека стана еден од моите омилени македонски автори. Затоа и нетрпеливо го чекав новиот роман, Прозорецот, кој како што ни најави Јордан, е прв дел од серијалот Наследство. Ова не е класичен трилер, ниту пак класичен крими-роман, ниту пак класичен хорор. Ова е совршен спој на сите три жанра, со одлични примеси на паранормално, кои мене посебно ми се допаднаа и оставија простор за размислување како ќе се движи приказната понатаму. Делото е поделено на два дела, првиот дел се белешки, извадоци од весници, транскрипции од разговори, кои ги собирал новинарот Мите откако открил дека во еден стан се случуваат необјасниви работи и смртни случаи во многу чудни околности, каде што жртвите буквално умираат од преголем страв. Сите работи насочуваат на човек којшто се појавува на прозорецот, на четврти кат, каде што е невозможно да стои човек бидејќи нема како да се искачи дотаму од надворешна страна. Новинарот Мите со помош на неговата девојка Катерина успева да ископа многу докази за нешто што државата го држи во тајност со децении, уште од времето на Тито. Но, откривањето на тие тајни создава и круг на непријатели кои не сакаат тајната да биде откриена на светот. Мите, плашејќи се за својот живот, почнува да се крие, а Катерина во вториот дел продолжува со истрагата онаму каде што Мите застанал. Таа, со помош на таткото на Мите и главниот инспектор на полициската станица каде што работи, ќе навлезат уште подлабоко во мистеријата и ќе станат следната мета. Која е мистеријата? Кој е човекот на прозорецот? Која е тајната што е толку длабоко скриена и која може да дестабилизира цела држава и историја доколку се открие? Ќе прочитате самите 😊 Јордан е еден од ретките македонски автори, можеби и единствен (барем единствен за кој јас знам) кој пишува хорор-трилери, и можам да кажам дека ова негово дело како и претходните две е толку квалитетно четиво, на какво ретко наидуваме од македонски автори, што предизвикува чувство дека читате светски писател со милионски тираж, и искрено се надевам дека книгава ќе одекне и ќе се чита не само кај нас, туку и во другите балкански држави, а што да не и на светско ниво. Честитки Јордан, уште еднаш ме остави без многу зборови. Бидејќи по вакво маестрално дело, зборови и не се многу потребни. Едвај чекам да читам нешто следно од тебе.
Иако ова не е прв пат Коцевски да навлезе во темата „натприродно“ („Зборови“), оваа книга е уникатна според начинот на кој е напишана.
Можам да ја поделам на две целини. Додека ја читате првата, имате вп��чаток дека гледате документарен филм, а според содржината многу потсетува на „Blair Witch Project“, „Paranormal Activity“ итн.
Втората целина е пишувана во оној препознатлив стил за авторот, каде се дава малку подобра слика за настаните и ликовите опфатени со првата целина и ја придвижува приказната понатаму.
Самата приказна е одлична и баш ми е мило што оваа книга е најавена дека ќе биде дел од серијал, па едвај чекам да излезат другите делови.
За сите љубители на добри натприродни мистерии со примеси на трилер, ја препорачувам оваа книга.
Едвај чекам да видам (и прочитам) што следува. Солидно дело, солидна приказна, иако, си признавам, не очекував паранормални моменти. Фино склопена мистерија, препорачувам да се прочита ако сакате такви книги. А јас ќе ги побарам и претходните книги од авторот, да видам што сум пропуштила.
Значи книгава сум ја прочитала многу одамна, а дури сега гледам дека не сум напишала ништо за неа. Еден гооолем минус за мене.
Јордан ми е еден од омилените македонски писатели и оваа негова книга не беше исклучок. Значи, идеиве му се закон! Читаш и мистерија, и трилер и хорор во исто време. Луѓе исчезнуваат, чудни нешта се случуваат. А кривецот, за сè го обвинува прозорецот. Дали може да му се верува? Можно ли е да има човек на прозорецот, во новиот стан , на петтиот кат? Дали би му поверувале? Дали би ја провериле неговата страна на приказната?
Верувате ли во духови? Или можеби во сеништа? Кошмари, халуцинации, опојни дроги? Верувате ли во заговори, масовни експерименти со човечката психа, труења, несакани ефекти кои се потпикнуваат под чергиче. Ѝ верувате ли на владата, знаете ли со што е загаден воздухот?
Или едноставно, натприродни нешта сепак се случуваат. Сите народи имаат легенди за вампири, духови, змејови. Колку од нив се базирани на голи факти?
Значи внимателно покрај прозорците. Внимателно кога се огледувате во нив. Може да исчезнете без трага и глас, да ве изеде помрачина.
А јас со нетрпение го чекам продолжението на книгава. Мислам, мора да има продолжение. И ваква приказна, дефинитивно заслужува филм. Нашиве режисери нека поработат на случајот.