„Сердарот“ (грчки: Ο Αρμάτωλος) — најпознатото дело на македонскиот поет и преродбеник Григор Прличев. Делото е напишано во 1860 година, а на 25 март истата година тоа учествува во натпреварот за најдобра поема на грчки јазик (што секоја година се одржувал во Атина), и ја добива наградата Ловоров венец, како и парична награда. Поради силниот впечаток што ја оставила оваа поема, Прличев бил наречен „Втор Хомер“. Наградата не останува долго во негови раце, затоа што одбива да се изјасни како Грк, и да ја прифати стипендијата за студии во Берлин или Оксфорд.
Григор Ставрев Прличев (Охрид, 18 јануари 1830-Охрид, 6 февруари 1893) — истакнат македонски писател од времето на романтизмот и значаен претсавник на македонската книжевност од XIX век. Овој генијален книжевник според јазичната припадност е тродомен автор: грчки, бугарски и македонски, и ги обединува во себе нивните специфични карактеристики и епохата во која живее и работи, класицизмот и романтизмот, како стилски белези. Тој е писател кому Македонија му е и љубов и судба и болка и очај и неопходност и тага и лулка и гроб.
Кузман, човекот кој ги брани луѓето од Галичник до Река и Малесија од ѓаволштините на Албанците(Арнаути, Геги), е убиен од нив во една битка. Четворица Арнаути го носат неговото мртво тело во неговиот дом каде мајка му Неда и останатите жители од селото не можат да се помират со тоа што ги снашло, смртта на сердарот. Неда ги моли луѓето да не плачат над Кузман, туку да одат и да плачат над своите ќерќи во домовите, бидејќи заштитникот веќе го нема. Кога тие ќе го донесат неговото тело, и ја искажуваат нивната тага кон Кузман и се воодушевени од неговата храброст, смелост и борбеност. Потоа, монахињита го измива Кузман и заедно со Неда го пресоблекуваат неговото мртво тело на кое се забележуваат многу прострелни рани и рани од ладно оружје. Арнаутите и ги раскажуваат двобоите во кои секогаш Кузман победувал и во кои многу Арнаути загинале. Потоа, Неда ги повикува оние кои се лесни во нозете и брзи да земат коли и да отидат во Стан за да ги донесат останатите тела на соборците на Кузман бидејќи и нивните мајки имаат право на жалење и поради тоа што секој борец и општо секој човек заслужува заслужува достоен закоп. Затоа и неколкумина заминуваат тоа да го сторат. При крајот на поемата, Толе оди дома кај свршеницата на Кузман, Марија и и ја соопштува жалната вест. Таа писка, жали и тажи на сет глас по Кузмана. За брзо требало да имаат свадба, но сега наместо свадба, има погреб. И тоа погреб на оној на кого најмалку му треба.
This entire review has been hidden because of spoilers.