„Патот од себеси" меѓу кориците обединува мемоарски записи, проза со призвук на лирика, потсетува на исповед, но наместа, со економичноста во дискурсот и со ефектните дијалози, наликува и на драмски текст. Чашуле за неговиот можеби роман го кажува ова: „Премисата на оваа исповед е да биде обид за мое патување низ нашите, моите години на Победата и едновремено јасна и строга размисла за нас и за мене во нив. Тргам по пат кој однапред го тескоби и тишти болка. Пред се, кога се гледа - себеси".