Јован Павловски (Тетово, 10 август 1937) е македонски поет, раскажувач, романсиер, писател за нaјмладите, публицист, долгогодишен уредник на повеќе рубрики во Нова Македонија, нејзин дописник од Париз и Москва. Од 1980 до 1986 г. е вонреден професор по теорија и практика на новинарството на Интердисциплинарните студии по новинарство на Унивезитетот „Кирил и Методиј“ во Скопје. Актуелен уредник на месечникот „Македонско време“ (на македонски јазик) и The Macedonian Times (на англиски јазик). Изразит лиричар во првата збирка поезија „Август“, каде што чувствувањето на светот беше слеано со тревите, потоците, облаците, ѕвездите. Во подоцнежното поетско творештво епичар во непосреден дијалог со секојдневното, дури и со тривијалното, со минатото иЈован Павловски (Тетово, 10 август 1937) е македонски поет, раскажувач, романсиер, писател за нaјмладите, публицист, долгогодишен уредник на повеќе рубрики во Нова Македонија, нејзин дописник од Париз и Москва. Од 1980 до 1986 г. е вонреден професор по теорија и практика на новинарството на Интердисциплинарните студии по новинарство на Унивезитетот „Кирил и Методиј“ во Скопје. Актуелен уредник на месечникот „Македонско време“ (на македонски јазик) и The Macedonian Times (на англиски јазик). Изразит лиричар во првата збирка поезија „Август“, каде што чувствувањето на светот беше слеано со тревите, потоците, облаците, ѕвездите. Во подоцнежното поетско творештво епичар во непосреден дијалог со секојдневното, дури и со тривијалното, со минатото и историските случувања како потрага по сопствениот идентитет. Во прозата, неговата постапка ја одредуваше животниот податок и документот. Романот „Сок од простата“ го привлече вниманието како литература од типот на Хенри Милер и Буковски, во која еротското се преплетува со социјалното и политичкото. Пишува и литература за деца во која можноста за надминување на морализаторскиот принцип ја гледа во елементот на играта, која, пред сè, се остварува во јазикот. Неговата публицистика има документарен карактер со логички анализи, свртена, главно, кон самобитноста на македонскиот народ. Член на Друштвото на писателите на Македонија од 1992 год, во три мандати (1992-1994, 1994-1996, 2007-2008) негов претседател, член на Македонскиот ПЕН центар. Автор e на педесетина (прво издание) книги. Одликуван е со Орден на Републиката со сребрени зраци.
Збирки поезија: Август (1961), Медеја (1969), Идентитет (1974), Оксидирања (1983), Прераскажување на ентитетот (1985), Строгоста на живењето (1988), Препознавање: Зрело доба (1993); Последните 48 часа на професорот по историја (1993), Стварна промена (1996), Одработен страв (1999), Кревкото тело на Кирил Пејчиновиќ ( 2000), Стравот на професорот (2001). Избори поезија: Ментален простор (1900), Повлекување на стварноста (1997), Поезија (1998), Песни, многу важни песни (избор поезија за деца, 1998).
Романи
Тоа Радиовце во кое паѓам длабоко (1972, четири изданија на македонски, прва награда на конкурсот на ИК „Наша книга“ Скопје; Рациново признание; превод на српско-хрватски - Белград; на унгарски - Нови Сад; на руски - Минск), Сок од простата (коавтор: Ангел Биков, три изданија, награда за најчитана книга, 1991, превод на српски - Смедерево), Проверка на слободата (награда „Стале Попов“ на ДПМ, 1998). Повести: Тетратка прва: Диме (2005); Тетратка втора: Миша (2005); Тетратка трета: Страшо (2005). Книги за деца (стихови): Мишо ишо шо-о (1972, годишна награда на Радио Скопје за најдобра книга за млади), На сите свететски страни само Ани, само Ани (1980, годишна награда на Радио Скопје за најдобра книга за млади); Тевеѕирка (1994), Река-а-а! (1996). (Проза): Блиско сонце (1972, роман, три изданија на македонски, превод: на српско-хрватски - Белград, на албански - Скопје; на руски - Москва, во зборникот „Современаја југославскаја повест“, две изданија - тираж 100.000 примероци); Значка (1978, роман, две изданија, годишна награда на Радио Скопје за најдобра книга за млади).
Награди: Рациново признание, „Стале Попов“, награда на КПЗ на Македонија за најчитан автор во 1991 год. , награда на Радио Скопје за најдобра годинашна книга за најмлади (три пати), „Мито Хаџивасилев - Јасмин“ за публицистика (два пати), „13 Ноември“ награда на град Скопје, Златна плакета на град Тетово, „19 Ноември“ награда на град Тетово, Поетско жезло, признание Духовен воин, Почесен граѓанин на Радиовце, Тетовско, „Крсте Мисирков“ за животно дело, награда на НИП „Нова Македонија“ за животно дело, прва награда „Крсте Мисирков“ на Здружението на новинарите на Македонија, годишна награда на неделникот „Пулс“ (два пати), Златно перо за превод на поезијата на Ајги, Гоцева повелба....more