Robert Stojanovski > Robert's Quotes

Showing 1-5 of 5
sort by

  • #1
    Венко Андоновски
    “Постојат моменти кога човек извршува симболично самоубиство, уживајќи во сопственото исчезнување и понижување: тоа се моменти кога човек сака до толку да се понижи, што да падне сосема ниско, а да ги убеди другите дека таму доле, му е сосема добро и дека е задоволен.”
    Venko Andonovski, Папокот на светот
    tags: life

  • #2
    Венко Андоновски
    “за предавство потребен е страв, за одмазда љубов, за умирање живот, а за копнеење - отсуство поприсутно од присуството треба да се има. Се копнее по нешто што нетука е, а секој миг пред очите ти е; нетука а тука - тоа ти бил копнежот.”
    Venko Andonovski, Вештица

  • #3
    Венко Андоновски
    “Не плачи, Папа, те молам, не плачи: ветувам дека ќе ти се јавувам, пред секое невреме ќе ти се јавувам, Папа; ќе ми ја гледаш душата како ми светка во облаците; и како виножито ќе ти се јавувам, како три виножита, не како едно; и како твоите облаци од детството ќе ти се јавувам, во вечна мена и промена, и како ветер ќе ти се јавувам, како пеперуга, пепел од ветер што засекогаш заминал, писмо вечно живо и љубовно ќе ти пишувам со лисја есенски, кога ќе г поземам и ќе дувнам; шшшшшшшшш!; и на трепките ќе ти спијам без да ме сетиш, и не лути се што нема да ме сетиш Папа, оти не ќе сакам да те будам, додека спиеш уморен од твоите книги и ме сонуваш; и како риба ќе ти се јавувам, со полна утроба твои деца, неродени; и како самовилско коњче што во мигот ја сокрило вечноста, животот во еден ден го заробило; и како „ж“ и „ш“ во устите на другите лични девојки ке ти се јавувам, сигурно ќе ме препознаваш, Папа, како жар во огништето; ќе ме гледаш, Папа, како жива жар, кога ќе бидеш стар и седокос, седнат крај огнот во некој манастир, ќе ти се јавувам и како сенка твоја Папа, верувам дека ќе ти се јавувам, само ако ме повикаш и ако уште ме сакаш; и како црно јагне ќе ти блеам, и како румена калинка донесена од југот ќе ти се јавувам, ќе ми се насладуваш Папа, не плачи Папа, ние бевме среќни и сега нека не изгорат, тие ништо друго и незнаат освен да ги горат среќните, оти им завидуваат, и сите учени закони и сите светски судови и сите судиски перики и чекани, сите униформи и чинови, сите брачни договори се смислени само за да им се забрани на двајца да си палат оган по телата и во срцето, да си ги скокоткаат душите во слатки пламења, затоа се смислени сите тие гадости, за да се прогони огнот од нашите животи и да се внесе ред, вода што се командува според саканата форма на посатката, затоа не плачи Папа, ние се сакавме, ние изживеавме се во еден месечев живот, во дваесет и осум круга на земјата околу сонцето; ние сами се запаливме, се претворивме во оган, Папа: па ти ми палеше веќе слатки пламења на слабината, по вратот, по бедрата, во утробата, утробата со бакнеж и врели жигови ми ја отпечати и ми ја запечати, ме топеше како старо златко и ме лееше во камбана, па сум горела до сега стопати со тебе Папа, поврага веќе со”
    Venko Andonovski , Вештица

  • #4
    Венко Андоновски
    “Љубовта не е милостина. Кога даваш милостина, се откажуваш од златник; кога даваш љубов се откажуваш од себе. И раката која го прима златникот, брза да го потроши; раката која го прима подареното срце брза да го сочува.”
    Venko Andonovski, Вештица

  • #5
    Венко Андоновски
    “Живееме, главно, со отворени очи. Со раѓањето, првпат ги отвораме очите. Кога спиеме, тоа го сметаме за мала, привремена смрт. Тогаш гледаме работи што не ги гледаме со отворени очи: соништата. Затоа, животот главно го сметаме за состојба на отворени очи. Ако се обидеме да се сетиме на нешто друго пред раѓањето – се сеќаваме само на темнина и тишина. Тогаш сме биле во Господа. Кога умираме, повторно го здогледуваме Господ. Тогаш повторно ги затвораме очите. Што значи тоа? Тоа, едноставно, значи дека Господ не се гледа со отворени очи, туку само со затворени. Затоа и ги затвораме очите секогаш кога му се молиме: со затворени очи љубат и монасите и љубовниците. Тоа значи дека Господ е речиси невидлив во животот, во оној период меѓу големото отворање и големото затворање на очите. Трепкањето, мижењето и спиењето се потсетници дека Господ постои, но дека, како и секоја светлина се гледа само во темно. Дајте им, затоа, значење на сите мижења – соништата, молитвите и љубовта!”
    Venko Andonovski



Rss
All Quotes



Tags From Robert’s Quotes