Моника Трајковска Јакимовска > Моника's Quotes

Showing 1-30 of 38
« previous 1
sort by

  • #1
    Моника Трајковска
    “Никогаш претходно не сум се чувствувала олку жива. Волшебно е.”
    Моника Трајковска, На работ од времето

  • #2
    Моника Трајковска
    “Поминаа часови откако влегов во полето. Но некако не ми пречеше. Надвор сум и дишам свеж воздух. Тоа беше единственото нешто по кое копнеев целиот свој живот.”
    Моника Трајковска, На работ од времето

  • #3
    Моника Трајковска
    “Пред мене се појави свет што е сосема поинаков од мојот. Сив, темен и студен свет. Ги обвив рацете околу своето тело со цел да го спречам студот да навлезе во мене.”
    Моника Трајковска, На работ од времето

  • #4
    Моника Трајковска
    “Бевме на највисоката точка во градот, од каде што можевме целосно да го видиме. Над нас, ведро небо. Милион ѕвезди трепкаа без прекин, како да ни намигнуваат само нам. А месечината пак, таа беше и повеќе од магична. Формираше совршен круг на небото, а околу неа можеше да се забележи и ореол. Изгледаше како портал кон друг свет. Кон добар свет. Кон свет каде што сè уште постои надеж.”
    Моника Трајковска, На работ од времето

  • #5
    Моника Трајковска
    “Се почувствував живо, како никогаш претходно, како да можам да направам сè што ќе посакам.”
    Моника Трајковска, На работ од времето

  • #6
    Моника Трајковска
    “Застанав на средина од улицата и ги затворив очите, кревајќи го лицето како сончоглед кон сонцето.”
    Моника Трајковска, На работ од времето

  • #7
    Моника Трајковска
    “Постојат луѓе на кои им значиш повеќе отколку што мислиш“, рече тој со треперлив глас. „Вредиш повеќе од кој било човек на оваа планета и ова не го кажувам само затоа што имам силни чувства за тебе. Твоите гени можат да помогнат да се врати човештвото онаму каде што навистина припаѓа. Дијана го знаеше тоа и токму затоа го направи тоа што го направи. Но тоа не беше најважната причина. Ти допре и до неа, исто како што допре до сите нас. Со својата невиност и искреност донесе свежина во нашиот мал круг луѓе и нѐ потсети што точно значи да се биде човек. Покрај тебе, сите ние првпат се почувствувавме живо иако веќе долго време одиме меѓу живите...”
    Моника Трајковска, На работ од времето

  • #8
    Моника Трајковска
    “И тогаш сфатив, во овој свет љубовта не е сила, таа е слабост. Да немаше тој чувства за мене, ќе дозволеше да ме одведат и немаше да се доведе во ситуација каде што неговиот живот ќе виси на конец. Истото важи и за моите родители. Да не ме сакале толку многу, сигурно немало да се жртвуваат за мене. Единствениот начин да се преживее во овој свет е доколку себично се грижиш сам за себе и доколку не дозволиш да развиеш чувства кон друга личност, за која можеби некогаш во иднина би посакала да го жртвуваш својот живот.”
    Моника Трајковска, На работ од времето

  • #9
    Моника Трајковска
    “Во свет што преживеал застрашувачка катастрофа, луѓето тешко се враќаат на стариот начин на живот.”
    Моника Трајковска, На работ од времето

  • #10
    Моника Трајковска
    “Во овој наш нов свет, сè е совршено. Градот, паркот, луѓето... Па, добро, сè освен мене...”
    Моника Трајковска, На работ од времето

  • #11
    Моника Трајковска
    “За мене нема место во овој прекрасен град.”
    Моника Трајковска, На работ од времето

  • #12
    Моника Трајковска
    “Светот го знам само од фотографии и од книги и во мојата фантазија тој е совршен, прекрасен и со силни бои, и покрај сивите страници на кои тој е опишан.”
    Моника Трајковска, На работ од времето

  • #13
    Моника Трајковска
    “Соништата ми се единствениот начин на кој можам да направам нешто друго освен читање и секогаш уживав кога ќе ја преземеа контролата врз мојот ум. Можеби и повеќе одошто би требало.”
    Моника Трајковска, На работ од времето

  • #14
    Моника Трајковска
    “Јас сум Вероника, но по правило не би требало да постојам.”
    Моника Трајковска, На работ од времето

  • #15
    Моника Трајковска
    “Не можев да мрднам. Не, не сакав да мрднам. Сакав да го заробам овој момент во времето и засекогаш да го чувам во себе.”
    Моника Трајковска, На работ од времето

  • #16
    Моника Трајковска
    “Конечно излеговме од подземните тунели. Никогаш не би поверувала дека толку многу ќе му се израдувам на сонцето, кое нежно го галеше моето лице. Застанав на средина од улицата и ги затворив очите, кревајќи го лицето како сончоглед кон сонцето.”
    Моника Трајковска, На работ од времето

  • #17
    Моника Трајковска
    “Како што веќе ти реков, не можеш ни да замислиш какви се луѓето. Ако мислиш дека човештвото го достигнало своето дно пред војната, тогаш си во голема заблуда.”
    Моника Трајковска, На работ од времето

  • #18
    Моника Трајковска
    “Вечерва немаше блескава месечина, па затоа ѕвездите доминираа во темнината. Мислите ми летаа на сите страни, започнувајќи од нивниот состав, од тоа дали сите имаат планети, па сè до можноста за живот околу секоја од нив. Колку би било убаво доколку постојат вонземјани и дојдат да ни помогнат, да нè направат подобри, да нè мотивираат да бидеме нешто повеќе.”
    Моника Трајковска, На работ од времето

  • #19
    Моника Трајковска
    “Никогаш порано не сум се возела во автомобил, но ми изгледаше неверојатно. Да можеш да се движиш низ просторот без никаков напор и целото твое внимание да биде насочено кон впивање на околината. Прекрасно чувство.”
    Моника Трајковска, На работ од времето

  • #20
    Моника Трајковска
    “...забележав дека некој нечујно седна до мене. Не морав да го кренам погледот за да знам дека станува збор за Мартин. Има нешто специфично во начинот на кој тој дише и токму според тоа би можела да го препознам во кое било време и на кое било место.”
    Моника Трајковска, На работ од времето

  • #21
    Моника Трајковска
    “...како што поминуваше времето така сè повеќе го наслушував неговото дишење и се обидував да го следам неговиот тек. Кога тој вдишуваше, тоа го правев и јас, кога тој издишуваше, и јас исто така. Ова ме смируваше. Чудесно.”
    Моника Трајковска, На работ од времето

  • #22
    Моника Трајковска
    “Го погледнав, со копнеж во моите очи, и посакав да не престане да ме бакнува. Тоа и го стори.”
    Моника Трајковска, На работ од времето

  • #23
    Моника Трајковска
    “Има нешто во тебе, нешто што е одамна заборавено. И не мислам само на твоите гени, туку на нешто што е необјасниво и невидливо. Некои го нарекуваат душа, но јас би рекол дека станува збор за мистична енергија што некогаш владеела со сите нас. Денес, немаме контакт со неа. За разлика од тебе...”
    Моника Трајковска, На работ од времето

  • #24
    Моника Трајковска
    “Креативноста на луѓето е бескрајна кога станува збор за масовно убивање.”
    Моника Трајковска, На работ од времето

  • #25
    Моника Трајковска
    “Светлината од сонцето, која се пробиваше низ невидливите честички воздух, танцуваше на нивните среќни лица, правејќи да изгледаат многу помладо. Сончевите зраци ги бришеа годините од нивната кожа и ја нагласуваа љубовта што ја чувствуваат еден кон друг. Кога тие беа во близина, се чувствуваше необична енергија, еден вид спокој и добросостојба.”
    Моника Трајковска, На работ од времето

  • #26
    Моника Трајковска
    “Ти живееш, Вероника. Дури и ако не го забележуваш тоа. Ти си жива и најдобро што можеш излегуваш накрај со својот живот. Без разлика што во моментов ти изгледа како постојано да тапкаш во место.”
    Моника Трајковска, На работ од времето

  • #27
    Моника Трајковска
    “Светот е застрашувачко и сурово место, но со пријатели тој може да е малку поподнослив.”
    Моника Трајковска, На работ од времето

  • #28
    Моника Трајковска
    “Потребни се грешки за да се осознаваат вистини што во спротивно не би ги ни забележале.”
    Моника Трајковска, На работ од времето

  • #29
    Моника Трајковска
    “Никој веќе не сака да живее во овој лажен свет. Сите копнеат за слободен живот.”
    Моника Трајковска, На работ од времето

  • #30
    Моника Трајковска
    “Се чувствував како да сум единствена на овој свет. Сама во бескрајна низа од духови.”
    Моника Трајковска, На работ од времето



Rss
« previous 1