Macedonian Readers/Bloggers discussion
      Слободен фолдер
      >
    Купување книги онлајн
    
  
  
					date
						  
						newest »
				
		
						  
						newest »
				
      Венелин, еве еден македонски сајт кај што можеш да најдеш македонски е-книги по многу ниски цени :)http://www.e-books.mk/sodrzini_detal_...
      http://makedonika.mk/ ова е релативно нов сајт за македонски е-книги, бесплатен е, ама сега за сега има прилично малку книги..
    
      Зарем стварно мислите дека е паметно да се купува нешто кое треба да ви го достават од "Македонска пошта"?Половина од книгите кои ги имам добиено на наградните игри од Goodreads giveaway не ми стигнаа (три од шест).
Истото важи и за другите поштенски пратки во внатрешниот сообраќај. Сметките за мобилен со печат од Скопска пошта од 2-ри во месецот, пристигаат на 16-ти во Гевгелија, после рокот за плаќање, се разбира. Честитките од Америка пристигнаа за нешто повеќе од месец дена, а овие од тука за Америка обично патуваа 2-3 месеци (затоа сега честитки праќам преку онлајн продавници во Америка, пишуваш текст и адреса, а тие ја пополнуваат, адресираат и праќаат на наведената адреса).
Трајче, ти мора да имаш врски во нашата пошта :-)
      Се согласувам со Михаил. Член сум и на Postcrossing мрежата и разгледници пратени од Скопје во Скопје стигнуваат за две недели. Книги пак што сум ги добивала на giveaways ми стигнуваат отворена. Еднаш дури и пликото со порака од авторот ми го отворија.
Јас нарачувам од Амазон. За испорака на последната книга платив 7 долари и ми стигна за 20тина дена. Само со пратки од кај нив досега не сум имала проблем. Добри се и http://www.abebooks.com/. Сестра ми порачува од кај нив.
        
      Незнам. Јас досега ни еднаш не сум имал проблем, да не се подречам. Е сега да, кога приватно ми праќаат книги пријатели, знае пратката малку подолго да се задржи, но тоа го разбирам. А за отварање на пратките досега ми се нема случено. 
https://fbcdn-sphotos-e-a.akamaihd.ne... Ова ми е најголемата пратка. Стигна во перфектна состојба. :D
Се надевам, во иднина нема да имате проблеми.
  
  
  https://fbcdn-sphotos-e-a.akamaihd.ne... Ова ми е најголемата пратка. Стигна во перфектна состојба. :D
Се надевам, во иднина нема да имате проблеми.
      Јас до сега од Book Depository и од Amazon сум немала проблеми, иако некогаш им треба многу време да стигнат, стигнуваат, но доста книги што ми биле пратени од луѓе по пошта не ми стигнале, па се согласувам дека Македонска Пошта е катастрофа и најверојатно е причината што не ми стигнале или што доцнат оние од Book Depository и од Amazon.
    






Сакам на сите да ви препорачам два сајта од каде што може да купувате книги онлајн. Сите сте слушнале за Амазон, но не сум купувал од таму а знам дека shippingot е скап.
Прво, би ви го препорачал www.TheBookDepository.com
Речиси сите книги што ги имам (а што не ми се пратени од издавачи за review) се од боокдепоситори.
МНОГУ ефтини книги, А ИСПОРАКАТА Е БЕСПЛАТНА!!!
Втор сајт кој би ви го препорачал е www.awesomebooks.com
Овде имам повеќе искоистени книги но од искуство знам дека се во одлична состојба (исто како нови). Речиси сите се по 3 евра, а испораката до Македонија е 3 евра без разлика колку книги ќе порачаш во една порачка.
И од двата сајта, порачките доаѓаат за 10-15 дена, што мислам е доста брзо.
Се надевам ви помогнав и ќе порачате од овие сајта.
Поздрав