Macedonian Readers/Bloggers discussion
Слободен фолдер
>
Македонски издавачки куќи
date
newest »
newest »
Табернакул се на прво место дефинитивно. Држат цена, па дури и на Саем на Книгата, што е малку чудно, треба да попуштат малку, ама си се ценат и тоа е, не може ништо да се направи, затоа што држат автори и наслови што ги нема на друго место, да речеме на приме Г. Стефановски и Венко Андоновски. Нема замерка на квалитет на хартија исто така, за разлика од другите. Матица се супер, имаат супер избор, ама квалитет на хартија е лош. Во рака ја држам сега ИГРА ВО Р'ЖТА и има многу лоша хартија, а и доста печатни грешки. Не сакам никого да напаѓам, сите си се ок, единствено ќе ги нападнам ТРИ. Тоа е страшно и не можам да опишам што мислам за нив. Поголема комерцијала, шунт и лош избор нема на овие простори. Топер немаат свои книги колку што знам, така да листава е малку измешана.
Преводите на Три се hilarious. Од граматички па се до печатни грешки. Пример преводот на Fight Club е катастрофален. Култура се за нијанса подобри, ама од друга страна тие штедат на хартија. За Ѓурѓа подобро и да не почнуваме муабет. На Табернакул им симнувам капа. Поскапи се нивните изданија ама со причина.
Јас најчесто купувам во Икона бидејќи повеќе читам англиски книги, а кај нив има најголем избор :)


Листа на македоснки издавачи:
Матица Македонска
Табернакул
Култура
Ѓурѓа
Бегемот
Сакам Книги
Три
Магор
Маквеј
Феникс
Просветно дело
Топер
Темплум
Или-или
Икона
Слободно дополнете ја листата.