јас не сум
пишувам песнино се чудам кога ќе ми речатпесник!можеби зашто уште не знамшто тоа значиможеби заштоправам уште недоброј други нешта:читамна примерзарем не сум читач?!и си зборувам гласнокога нешто не ми е јасногледам во зајдисонцетобез очила за сонцесе радувамдувамво дланките кога е надвор ѕивра ладноноќекога е небото ведроја барам големата мечкаи еве веќе дваесет и кусур години никако да ја најдамво три и кусур(пак ноќе)јадам стапчиња од фурната во чаирили лиснато со зденка и маслинки откај мајчеили две појачани крофни од ѓорчеедната со кремдругата со џемсе качувамгорекај музéј на современа умéтности оттаму го гледам скопје(уште еднаш – ноќе)дење се качувам на воднои горе пијам три чаја со лажичка шеќери секојпат мерам колку бргу сум се качил (47:35откај полицијатапред четири години, во августбез ранецсамо по црвените адидас-гаќичкии знам дека беше вторник)луѓето ми велатзошто брзашзошто не уживаша јас, пак,уживам да брзамкон своите три чаја со лажичка шеќери секојпат носам пешкирче на појасотне затоа што се потамтуку зашто и татко ми носи
плачамнајчесто од среќаама и тажен сумсекојпат кога црвениот автобусречиси празентргнува од перонота јас однатре мавтама моите однадвор се смешкаата, знам, однатре плачати си кажуваат нешто што јас не можам да чујама сигурно стопати сум го чул веќеама пак сакам
да го шетам скопје понеделничкида испијам две големи бози кај апчеедната клот, а другата со топче страчателада влегувам по книжарници и да барам книги што сум сигурен дека ги немаголемата водаили комплет од цепенковна примерпа докај сестра ми на работана пет минути, колку да ја видам
и сакам кога со марко одиме во зоолóшкаи таму јарињата и елените ни јадат смоки од ракаи сакам кога им се чудиме на мајмунитеи воловитеи велиме: греотаза тигрите, орлите и лавовите
и кога со дедо ми си зборувамеза световите кај него в главаи кога трепка со очите и збунето гледаво некое свое зајдисонцево некоја своја голема мечканад костинци, кошино, зрзеи сакам кога од негде-некаде ќе ме прашакога ќе иди ане?оти, знам тогаш, му дошло кој сум
и сакам кога на анна ѝ кажувам колку ја сакамдодека спие
и кога ги вметнувам во песналуѓето што ги сакамтукутакадека ми се сака
(и скопско сакам!)
сѐ сум што саками што нејќам исто така
и затоаи уште недоброј пати затоачудно ми е кога ми велатпесника непатувач што гледа во зајдисонцето радувач што ја бара големата мечка мерач на времето кој ита кон своите три чаја со лажичка шеќер и пешкирче на појасот мавтач од автобусот бозаџија книгаџија сакаџија нејќаџија
и уште недоброј нешта суми ништо не сум
јас сум сѐи ништо не сум
сѐ и ништоништо и сѐ
оти и тишината зборуваи празнината фаќа место

Published on March 15, 2014 16:30
No comments have been added yet.
Ѓоко Здравески's Blog
- Ѓоко Здравески's profile
- 7 followers
Ѓоко Здравески isn't a Goodreads Author
(yet),
but they
do have a blog,
so here are some recent posts imported from
their feed.