...Ало сине, ме слушаш? Седи дома кај што си. Знам дека го сакаш дождот, ама те молам седи внатре. Тато брзо ќе си дојде, не мрдај нигде. Среќен роденден сине, те сакам...
...
Не престануваше да врне. После пукотот на небото и зелениот чад кој ги опраши облаците, не престануваше да врне.
...
„Што по ѓаволите беше тоа?!“ Игор седеше во своето такси кога се случи нападот. Паркиран крај најпрометната улица во градот, тој како и сите други беше загледан во небото, сеуште...
Published on April 08, 2018 16:44