Goodreads Librarians Group discussion
This topic is about
Torto Arado
[Closed] Added Books/Editions
>
Add new book
date
newest »
newest »
Done. Please send me a link to the book page on the publisher site so I can add the cover.https://www.goodreads.com/book/show/1...
Hi Natalia, please add this books:* Title: По трагите на црниот Петар
* Author(s) name(s):Morea Banicevic
* ISBN (or ASIN):978-608-243-668-5
* Publisher: АнтологБоокс
* Publication date: 2023
* Format:14,5х21
* Page count: 176Paperback
Language: Macedonian
* Description:
Часовниците спијат. Времето чека.
Добропознатата дружина тринаесетгодишни девојки и момци ги очекува ново искушение во градскиот парк. Малеч бара од нив да му ја вратат ќерката Лазули. За да ја реализираат задачата, добиваат можност да го сопрат времето. Меѓутоа, паркот е граница меѓу два света, а границата ја чува Црниот Петар.
Возбудлива како интересен филм, оваа приказна ќе ја потврди силата на другарството. Оваа драматична и застрашувачка, но и топла и урнебесно духовита приказна, прекрасно ја заокружува сагата за тинејџерите кои се соочуваат со натприродни сили.
Со последниот дел од трилогијата станува очигледно дека Мореа Баниќевиќ се издигнува во една од водечките авторки на жанровска литература за деца и млади во регионот.
publisher link: https://antolog.mk/product/po-tragite...
* Title: Чекорите до црешовото дрва
* Author(s) name(s):Paola Pereti
* ISBN (or ASIN):978-608-243-627-2
* Publisher: АнтологБоокс
* Publication date: 2023
* Format:13×20
* Page count: 189Paperback
Language: Macedonian
* Description:
Нежна и моќна приказна за детството, храброста, љубовта и за животот.
Деветгодишната Мафалда носи очила со жолти рамки,има мачор по име Отимо Туркарет, другарка-Амазонка и најдобар другар по име Филип. Но таа е исправена пред чуден предизвик. Ѝ откриле Старгартова болест која предизвикува постепено губење на видот и слепило. Во дневникот започнува да ги запишува сите нешта што нема да може да ги прави–да ги брои ѕвездите на небото, да игра фудбал со машките, да се качува на црешовото дрво во училишниот двор. Ама, набрзо дознава дека постоии поинаков начин нагледање. Со чекорите го мери растојанието до црешовото дрво… во правец на опојниот мирис… и започнува нов список: со нештата што сѐ уште ќе може да ги прави.
Во мракот што ја опфаќа, Мафалда, исто како и Малиот Принц, учи светот да го набљудува со срцето, а не со очите. Горчината што ја чувствува читателот само се засилува со сознанието дека и авторката на романот страда од истата болест.
publisher link: https://antolog.mk/product/chekorite-...
* Title: Доаѓањето на матадорот
* Author(s) name(s):Branko Rosic
* ISBN (or ASIN):978-608-243-672-2
* Publisher: АнтологБоокс
* Publication date: 2023
* Format:13×20
* Page count: 256Paperback
Language: Macedonian
* Description:
Макс е талентиран актер, но е во сенката на грандиозната актерска кариера на татко му.Иако со видни амбиции во професијата, изгледа дека животот има други планови за него. Една моќна жена ќе му предложи да биде главен дел од софистицирана измама, а тој нема да може да одолее барем еднаш во животот да одигра водечка улога, ризикувајќи сè што стекнал.
Гавран е маркетинг менаџер кој повеќе не може да го поднесе корпорацискиот диктат и да биде тркалце во системот што ги меле сите луѓе на оваа планета. Тој има поинаква визија, а кога ќе се вљуби во Камиј, ќе ѝ подари несекојдневен подарок–општествена револуција. Двајцата тргнуваат по стапките на Јованка Орлеанка, од Руан до Париз и Лондон…
Макс и Гавран се двајца хазардери кои смело зачекоруваат во коридата на XXI век каде што ќе бидат пречекани со многу ниски удари. Движејќи се помеѓу трилер и бурна драма, романот на Бранко Росиќ зоврива од актуелност и жестина.
„Росиќ всушност е сценарист и драматург во костум на романописец. Со задоволство би видел екранизација на неговите романи. Во раце на одличен режисер тоа би биле филмови и серии кои прецизно и убиствено би ја разобличиле трансформацијата на српското општество во последните три турбулентни децении, со посебен осврт на импотентната и самозадоволна средна класа.“–Урош Ѓуриќ
„Возбудлив роман што точно го опишува моментот во кој се наоѓа денешното општество, а во него се среќаваат Расколников и Јованка Орлеанка на 21. век.“–Бери Филипс
publisher link: https://antolog.mk/product/doaganeto-...
* Title: Тивката ноќ на Херкул Поаро
* Author(s) name(s): Sophie Hannah
* ISBN (or ASIN):978-608-243-676-0
* Publisher: АнтологБоокс
* Publication date: 2023
* Format:13×20
* Page count: 320Paperback
Language: Macedonian
* Description:
Најславниот детектив на светот, легендарната ѕвезда на романите на Агата Кристи, повторно ги активира своите „сиви ќелии“ и пристапува да реши една божиќна мистерија.
Денот е 19 декември 1931 година, а Херкул Поаро и инспекторот Едвард Кечпул добиваат повик да истражат убиство на човек што се случило во навидум сосема безбедна средина: на оддел од болница во Норфолк. Мајката на Кечпул, Синтија, инсистира Поаро да престојува во трошна куќа на брегот, за сите да можат да бидат заедно за време на празниците додека Поаро го решава случајот. Пријателот на Синтија, Арнолд, набргу треба да биде примен во истата болница, а неговата сопруга е убедена дека токму тој ќе биде следната жртва на убиецот, иако одбива да објасни зошто мисли така.
Поаро има помалку од седум дена да го реши злосторството и да спречи уште убиства, доколку сака да избега од кошмарно сценарио и да се врати дома за Божиќ. Во меѓувреме, некој бескрајно безмилосен има друга замисла за неговата судбина.
Ќе успее ли Херкул Поаро навреме да го реши овој збунувачки случај?
publisher link: https://antolog.mk/product/tivkata-no...
* Title: Градината
* Author(s) name(s):Marina Stepnova
* ISBN (or ASIN):978-608-243-659-3
* Publisher: АнтологБоокс
* Publication date: 2023
* Format:13×20
* Page count: 352Paperback
Language: Macedonian
* Description:
Средина е на деветнаесеттиот век. На кнезот и кнегињата Борјатински им се раѓа задоцнето, неочекувано дете.
Тусја од самиот почеток не е како другите. Таа буквално го разорува семејството што претходно изгледало идеално. Во строгите рамки на општеството полно со конвенции, кога секој човек пред сѐ му припаѓа на семејството, а не самиот себеси, таа се однесува како апсолутно – дури ненормално – независен човек. Самата одлучува кога ќе се роди и кога ќе почне да зборува. Како ќе се однесува, со што ќе се занесува, кого ќе љуби или ќе мрази. Историја за тоа колку е тешко да се биде слободен човек во неслободен свет.
Романот „Градината“ е пораснат на литературна почва вкоренета во стаменитата земја на класичната руска литература на деветнаесеттиот век (Толстој, Тургенев, Чехов, итн.). Книгата предизвика огромно внимание во Русија и поделени мислења за идејните и естетските вредности, но во едно сите се согласуваат – тоа е исклучително напишан роман, со многу страст и силна поетика што маѓепсува, повлекува во својот свет без задршка и предизвикува чиста наслада.
publisher link: https://antolog.mk/product/gradinata/
* Title: Кај човека се мора да е прекрасно
* Author(s) name(s): Sasha Marianna Salzmann
* ISBN (or ASIN):978-608-243-660-9
* Publisher: АнтологБоокс
* Publication date: 2023
* Format:13×20
* Page count: 320Paperback
Language: Macedonian
* Description:
Како да се биде „прекрасен“ во земја во која владеат корупција и угнетување, каде преживува само оној што успева да се покори на рестриктивниот режим. И како да се надминат животните трауми кога се кријат, потиснуваат и не се зборува за нив ниту по емигрирањето, дури ни со сопствената ќерка.
Што гледаат еден пар советски очи кога низ завесите од прозорецот ќе погледнат кон предворјето на некој источногермански град? За ова се прашува Нина кога ќе ги погледне мајка си и нејзината пријателка Лена, кои, некаде во средината на деведесеттите години ја напуштиле Украина и стигнале во Јена, каде го започнале животот од почеток. Но, тие чувствуваат некој вид фантомска болка: земјата во која се родиле веќе одамна ја нема, но тие уште се сентиментални по неа.
Погледнато низ перспективите на четири различни жени, две мајки и две ќерки, Залцман раскажува за распаѓањето на „времето на месождерите“, за перестројката па сè до современа Германија.
publisher link: https://antolog.mk/product/kaj-chovek...
* Title: Историја на пчелите
* Author(s) name(s):Maja Lunde
* ISBN (or ASIN):978-608-243-647-0
* Publisher: АнтологБоокс
* Publication date: 2023
* Format:13×20
* Page count: 368Paperback
Language: Macedonian
* Description:
„Историја на пчелите“ комбинира футуристичка дистопија и историска фикција за да го вклучи алармот во врска со сѐ помалата популација на пчелите.
Англија, 1852 година. Вилијам е биолог и трговец со семиња, кој започнува со изградба на нов тип кошница за пчели, која нему и на неговите деца ќе им донесе и слава и чест.
САД, 2007 година. Џорџ е пчелар кој залудно се бори против модерното пчеларство, но се надева дека неговиот син ќе биде нивното спасение.
Кина, 2098 година. Тао рачно нанесува полен на овошните дрвја затоа што пчелите веќе одамна се исчезнати. Кога по една трагична несреќа властите ќе го одведат нејзиниот син, таа тргнува на опасно патување за да открие што се случило со него.
Книгата ги обединува минатото, сегашноста и една застрашувачка иднина во возбудлива приказна која е сложена како саќе. Просветлувачка и одлично опишана врска за моќната поврзаност меѓу децата и родителите како и за нашиот однос кон природата и човештвото.
„Историја на пчелите“ на прекрасен начин воведува една исклучително важна тема во светот на литературата – климатската проза, која ни предочува дека ние како човештво сме зависни од добросостојбата на пчелите и на другите инсекти. Сѐ додека тие се во опасност, и ние сме во опасност.
publisher link: https://antolog.mk/product/istorija-n...
* Title: Култ
* Author(s) name(s): Camilla Läckberg, Henrik Fexeus
* ISBN (or ASIN):978-608-243-634-0
* Publisher: АнтологБоокс
* Publication date: 2023
* Format:13×20
* Page count: 560Paperback
Language: Macedonian
* Description:
Петгодишно дете е киднапирано од градинка среде бел ден.
Детективката Мина Дабири и нејзиниот тим се повторно во акција. Веднаш пронаоѓаат сличности со друго киднапирање – за жал, со трагичен крај. Сфаќаат дека се соочуваат со опасен убиец.
За да ја реши загатката за првпат по драматичните настани пред две години, Мина бара помош од менталистот и нејзин стар пријател, Винсент Волдер. Нивниот однос е посебен. Ѕидот што ги делеше почнува да пука кога повторно ќе се сретнат.
Винсент и полицијата пронаоѓаат паралела помеѓу последното киднапирање и други исчезнати деца. Прашање на време е кога ќе исчезне уште некој и затоа мораат брзо да дејствуваат.
Во меѓувреме, отуѓената ќерка на Мина влегува во мистериозниот свет на Епикура, таинствена организација која тврди дека е центар за развој на лидерство. Може ли Мина да го заштити своето дете, кое воопшто не знае дека Мина постои?
Надевајќи се на среќен крај, читателите се препуштаат на способноста на авторите да ја одржуваат тензијата до последните страници. И со нетрпение да го очекуваат последниот дел од трилогијата.
publisher link: https://antolog.mk/product/kult/


How to add the cover of the book?
Title: Криво рало
Author(s) name(s): Итамар Виеира Јуниор
ISBN (or ASIN): 978-608-243-657-9
Publisher: Антолог Боокс
Publication date: 2023
Format: 13x20
Page count: 272
Language: Macedonian
Description:
Поглед кон животот на потомците на ослободените робови во хациендите од руралниот Бразил.
Книгата сликовито ги прикажува културата, обичаите, верувањата, како и тесната поврзаност со земјата и природата, но и нееднаквоста и неправдите на кои биле изложени овие луѓе. Нивното освестување за барање на своите права е претставено многу нежно и едноставно, преку приказната за две сестри во хациендата „Црна вода“, Бибијана и една година помалата Белонисија.
Сè започнува со детска игра во која се случува несреќа со ножот скриен во бабиниот куфер, поради која едната сестра останува нема, а другата се претвора во нејзиниот глас, поврзувајќи се на необичен начин. Со текот на времето, сестрите се оддалечуваат. Белонисија останува, а Бибијана го напушта родителскиот дом, се мажи и станува мајка. Но судбината повторно ќе ги спои во хациендата…
„Криво рало“ е прекрасна приказна во која мајсторски се спојуваат лириката, магијата и реалноста.