Goodreads helps you follow your favorite authors. Be the first to learn about new releases!
Start by following Винка Саздова.

Винка Саздова Винка Саздова > Quotes

 

 (?)
Quotes are added by the Goodreads community and are not verified by Goodreads. (Learn more)
Showing 1-24 of 24
“Очите први се вљубуваат. Не смејте се, навистина е така. Прво очите, потоа срцето. Знам дека звучи необично, но јас сум убедена дека е така. Помислете малку. Очите се тие што без престан бараат, трагаат, талкаат. И кога ќе се сопрат на едно место, кога ќе им се допадне тоа што го гледаат, тогаш почнува љубовта. Срцето им верува на очите, им верува дека тоа што го гледаат е убаво, вредно за сакање. О пусто срце! Колку може да биде измамено од тие неуморни и незаситени номади!”
Винка Саздова, Понекогаш доаѓа среќа
“,,Човек е искрен кон себе си онолку колку што може да поднесе вистина во тој миг.”
Винка Саздова
“,,Мислам дека знам што барам.Барам некој изгубен дел од себе.Ја чувствувам празнината на тој дел од мене,што не е во мене.”
Винка Саздова
“,,Заспивам во сон без сништа.”
Винка Саздова
“,,Мирисот е чувар на спомени.”
Винка Саздова
“,,Отсуството е најголемо присуство.
Чудно е тоа кога те нема,многу повеќе те има.Те наоѓам и те гледам насекаде.Колку пати ми се случило да те видам во некој човек.Во речениците што други ги изговараат ги препознавам твоите зборови.Те има во тишината на собата,во трепетот на лисјата,во ветрот што ме пресретнува каде и да зачекорам.”
Винка Саздова
“,,Љубовта е една,само ние ја подвојуваме.”
Винка Саздова
“,,Си замина без да се збогува.Без да каже збогум.Ниту една разделба не е конечна ако во неа нема зборови.Останува нешто недоречено.И за оној што заминува и за оној што останува.”
Винка Саздова
“Каков живот е животот без спомени?”
Винка Саздова, Луна
“„Кога би можела само молкот да му го чујам. Тоа ќе биде како одново ѕвездите да пеат во пустината.”
Винка Саздова, Понекогаш доаѓа среќа
tags: love
“Зборот што си го кажал, веќе не е твој. Твое е само она што ќе го премолчиш.”
Винка Саздова, Понекогаш доаѓа среќа
“,,Но,ништо не се заборава.Понајмалку она што посакуваш некогаш да не било.
Да не се случило.”
Винка Саздова
“,,Мојот живот е само збир на пропуштени можности.”
Винка Саздова
“,,Самотиите се привлекуваат,како што се привлекуваат метеорите што талкаат во универзумот.
Ама се е залудно-очајував.
Две самотии можат да се престорат во уште поголема самотија.Тоа е како проклетство,нели?Со ништо не можеш да ја пополниш празнината во себе!”
Винка Саздова
“Самата не знам зошто ми беше тоа важно, ама ми беше, многу. Небаре неговите последни мигови ќе ми ја откриеја тајната на сите заминувања. И на тие што биле и на оние што ќе дојдат.”
Винка Саздова
“Но, ништо не се заборава. Уште помалку се заборава она што посакуваш да не се случило никогаш. Се помни се. Сите зборови што си ги кажал, слушнал, премолчил. Се што си видел и сонувал. Се што ти се случило или пак, од некои причини што само тебе ти се познати, си пропуштил да ти се случи.”
Винка Саздова, Последниот чај
“Животот не е ништо друго ами едно обично разминување со туѓинците на кои едвај им го знаеш и името.”
Винка Саздова, Луна
“Многу е улаво да веруваш дека судбината нема да ги отргне од тебе луѓето што ги љубиш.”
Винка Саздова, Луна
“Многу подоцна сфатив, дека ослободувајќи се од товарот на спомените, го уништив и најдрагоцениот дел од себе. Ја фрлив во заборав мојата потрага по вистинското јас, се откажав од моите соништа, копнежи, доаѓања и заминувања.”
Винка Саздова, Последниот чај
“Блиските луѓе и еден премолчен збор може да ги одалечи. Далечните, ниту стотици изговорени зборови не можат да ги доближат.”
Винка Саздова
“„...но ви реков дека нешто друго ме привлече кај него. Очите. Потонав во нив, како што камен потонува фрлен сред езеро. Нема вадење оттаму, изгубен е засекогаш.”
Винка Саздова, Понекогаш доаѓа среќа
“Ете зошто е убаво човек да се слика. Она што мислиш дека си го заборавил, ти се враќа со сета своја полнота. Сликите го чуваат нашиот живот од заборав.”
Винка Саздова, Луна
“Вистината постои за да се каже. Колку е понепријатна, толку поскоро треба да се изговори.”
Винка Саздова, Луна
“Најмалку што можеме да сториме е со убаво да се разделиме. Да кажеме што имаме, што сме премолчале. Да го извадиме од нас она што се натрупало со години...”
Винка Саздова

All Quotes | Add A Quote
Луна Луна
115 ratings