Понекогаш доаѓа среќа Quotes

Rate this book
Clear rating
Понекогаш доаѓа среќа Понекогаш доаѓа среќа by Винка Саздова
151 ratings, 4.10 average rating, 7 reviews
Понекогаш доаѓа среќа Quotes Showing 1-4 of 4
“Очите први се вљубуваат. Не смејте се, навистина е така. Прво очите, потоа срцето. Знам дека звучи необично, но јас сум убедена дека е така. Помислете малку. Очите се тие што без престан бараат, трагаат, талкаат. И кога ќе се сопрат на едно место, кога ќе им се допадне тоа што го гледаат, тогаш почнува љубовта. Срцето им верува на очите, им верува дека тоа што го гледаат е убаво, вредно за сакање. О пусто срце! Колку може да биде измамено од тие неуморни и незаситени номади!”
Винка Саздова, Понекогаш доаѓа среќа
“„Кога би можела само молкот да му го чујам. Тоа ќе биде како одново ѕвездите да пеат во пустината.”
Винка Саздова, Понекогаш доаѓа среќа
tags: love
“Зборот што си го кажал, веќе не е твој. Твое е само она што ќе го премолчиш.”
Винка Саздова, Понекогаш доаѓа среќа
“„...но ви реков дека нешто друго ме привлече кај него. Очите. Потонав во нив, како што камен потонува фрлен сред езеро. Нема вадење оттаму, изгубен е засекогаш.”
Винка Саздова, Понекогаш доаѓа среќа