Жештиниве полека попуштаат, па така и мене полека повторно ме фаќа мерак за пишување.
Изминатиов период го искористив за полнење на батерии и финални корекции на претстоечкиот роман, кој моментално е на читање кај мојот рецензент. Не морам да напоменам дека одвај чекам да добијам повратен фидбек и мислење.
Во меѓувреме, правам дополнителни напори со промовирање на моите книги во регионот и пошироко. Работите и таму одат во позитивна насока, па очекувајте вести и на тоа поле на почетокот на есенва.
Инаку, денес е International Book Lovers Day, па за сите што празнуваат, нека им е честит!
Published on August 09, 2023 07:49