Како полека изминуваат и последните седмици пред почетокот на промотивните активности поврзани со претстоечкиот роман, така и јас станувам се понетрпелив.
Во меѓувреме, имав прилика да слушнам и да се запознаам со едни од најпознатите европски писатели и сценаристи, Нил Џордан и Џон Коноли.
Разговорите со нив само ми оставија потврда дека сум на вистински пат кога се работи за Storytelling-от како професија. Од друга страна пак, ме изненади и нивната присебност иако станува збор за светски познати уметници. Со тоа само дополнително се потврдува онаа мантра по која се водам: Мemento Mori.
Секогаш кога седнувате да пишувате одново, вие сте на еден нов старт, и повторно учите. Запамтете го тоа.
До следното читање при крајот на годината, искрен писателски поздрав.
Published on November 17, 2023 10:16