Goodreads helps you follow your favorite authors. Be the first to learn about new releases!
Start by following Петре М. Андреевски.

Петре М. Андреевски Петре М. Андреевски > Quotes

 

 (?)
Quotes are added by the Goodreads community and are not verified by Goodreads. (Learn more)
Showing 1-30 of 163
“Кога ја љубев Дениција,
како да калемев светлина на мракот,
како да топев снегови фатени во движење,
како да станував единствен сведок
за бакнежот меѓу металот и громот.”
Петре М. Андреевски
“Надежта и питачот го прави богат.”
Петре М. Андреевски, Небеска Тимјановна
“На убавиот човек само убавото му се гледа.”
Петре М. Андреевски, Небеска Тимјановна
“Племето наше е пиреј, вели Лазор Ночески, и не го ништи ниедна војска и ниедна болест. Пиреј е троскотна трева, вели, а некои ја викаат и коштрева. Ама ти колку сакаш кошкај ја, корни ја, куби ја, вели, таа пак не умира. Само малку да се допре до земјата, вели, и пак ќе се фати, ќе оживи, ќе потера. Ништо не ја ништи таа трева, вели.”
Петре М. Андреевски, Пиреј
“Не знам кој направил, но беше било така направено: секој да си одбере една страна во животот. Всушност, таа страна друг ни ја одбира, но сите ја засакуваме како сопствен избор. И едни стојат на едната страна, а другите - на другата. И не знаеш кој стои на погрешната страна. А не знаеш, зашто сите мислат дека се на вистинската. И се гледаат така, сите од својата страна се гледаат. И се мразат и со омразата што ја имаат и кон себеси. Така и се презираат, така и си завидуваат или само се клеветат. А можеби се љубат?”
Петре М. Андреевски, Тунел
“Нели си родено женско - колнато си. Уште мајка ми велеше: „кога се раѓа женско и стреите плачат.“ Јас тогаш не знаев оти така ми вели така мајка, ама сега знам...”
Петре М. Андреевски, Пиреј
“Ете што е животот, рече Дуко Вендија, ништо не е. Пиши - бриши. Ќе пишуваш, пишуваш, рече, а смртта наеднаш сè ќе ти избрише.

Еден завршен разговор, рече Роден Мегленоски, животот е еден завршен разговор.”
Петре М. Андреевски, Пиреј
“Облеката е измислена за да ти ги покрива недостатоците. А зборот да ти го покажува и тоа што не се гледа.”
Петре М. Андреевски, Тунел
“Стравот е страшен само за оние што му се плашат.”
Петре М. Андреевски, Пиреј
“Дури бев млад, вели, мислев дека секогаш ќе има време за она што го немам. Ама времето било лажовно, вели, курва било времето. Сè на превара ми зеде, вели, и сега назад не можам, а за напред уште понеможам. Не ми отвора пат за напред.”
Петре М. Андреевски, Пиреј
“Сè почнува од некоја недвосмислена потреба да се биде нешто и да се биде со некого. Но, таа потреба, полека, речиси неосетливо полека, ќе почне да се претвора во навика. И од таа навика не можеш да се откажеш. Отпрвин не ја гледаш опасноста, иако постојано пропаѓаш во неа. Ќе ја видиш откако ќе пропаднеш. И откако ќе сфатиш дека нема кој да ти помогне. Но, пред тоа, немаш поважни задачи, ни попривлечни задоволства.”
Петре М. Андреевски, Тунел
“Тој пие со власта, вели, оти власта пие без пари.”
Петре М. Андреевски, Пиреј
“Се знае дека со насмевка можеш најлесно да му се доближиш некому. Насмевката ја брише секоја далечина меѓу луѓето.”
Петре М. Андреевски, Последните селани
“Многу би сакала да знам како се распаѓа таа љубов претворајќи се во омраза. Како може да се обесмисли и да стане толку одбивна? Дури и во добронамерна насмевка да се бара причина за најниски навреди?”
Петре М. Андреевски, Тунел
“Ништо не сакам повеќе од другите. Сакам барем еднаш да ја завршам насмевката. Вака, сè ми се случува некако до половина.”
Петре М. Андреевски, Тунел
“А тој само си ја спомнува раната. Големата рана што не се гледа. Само големите рани не се гледаат и не се догледуваат. Си знам јас по мене. Не се догледуваат оти се во душата, а душата е секаде до кај што ти стасува умот.”
Петре М. Андреевски, Пиреј
“Тешко на тој што сака со туѓа душа да живее и тешко на тој што се плаши да ги исправа божјите работи.”
Петре М. Андреевски, Лакримариј
“А тој цело време се обидува да викне: Јас уште сум жив, луѓе, јас уште сум жив! Но зборовите му се толку безгласни што и самиот не може да си ги чуе. Не може да се изначуди како може да го поднесе сето што го гледа, а ниеден збор да не му преоѓа преку устата.”
Петре М. Андреевски, Последните селани
“Кога времето е облачно и луѓето се облачни.”
Петре М. Андреевски, Пиреј
“Многупати коњите излегуваат поумни од луѓето.”
Петре М. Андреевски, Последните селани
“...ама од Македонија еден излегол, а цел свет дошол на тепање, што не се тепаат кај нив, ама на туѓо гумно и на туѓ газ не боли толку многу...”
Петре М. Андреевски, Пиреј
“Најсилна војска е онаа што не пука.”
Петре М. Андреевски, Пиреј
“Секој мисли дека е најубаво она место кај што се родил.”
Петре М. Андреевски, Пиреј
“Можеби не е премногу убав, но има нешто важно и во таа убавина. Можеби нешто многу важно што ниедна жена не ја остава рамнодушна. Дали е тоа насмевката што му ги открива грижливо негуваните заби или, пак, спокојството во неговите зборови, не знам... А, можеби, сета негова привлечност е токму во тоа важно што не можеш да го откриеш.”
Петре М. Андреевски, Тунел
“Секој прогонет човек се претвора во волк. Ако ти избега еднаш стравот, вели, после ништо не може да те уплаши.”
Петре М. Андреевски, Последните селани
“...пријателот ти е роднина кого самиот си го одбираш.”
Петре М. Андреевски, Пиреј
“На сиромав, вели војникот, ни сиромаштијата не можеш да му ја земеш.”
Петре М. Андреевски, Пиреј
“Човекот најмногу не верува кога се сомнева во себеси.”
Петре М. Андреевски, Пиреј
“Ум недоветлив, човечки.”
Петре М. Андреевски, Пиреј
“Знам дека ова не ми се случува само на мене. И не му се случува само нему. Којзнае колку потешки судбини се случуваат по светот. И тоа токму тогаш и токму во тоа време. Но, тоа не може да ми донесе некое олеснување. Како што и надежта за некаков задгробен живот на малкумина може да им биде утеха. Барем така сум прочитала. Значи ниедна туѓа несреќа не може да ја ублажи мојата. Една лична несреќа не се заменува со друга лична несреќа. Па, колку и да е туѓа. Како што и туѓата болка не може да биде лек за мојата. Тоа е само едно верижно продолжение. Но, ние веруваме дека надвор од нас ништо слично не се случува. И дека само ние сме осудени на таа казна. И, можеби, затоа веруваме дека нашите солзи се најтешки и најсолени. Тоа уште повеќе нè прави неутешни. Како сиот свет да нè заборавил. И како и Господ да не сака да се сети на нас.”
Петре М. Андреевски, Тунел

« previous 1 3 4 5 6
All Quotes | Add A Quote
Тунел Тунел
173 ratings
Пиреј Пиреј
793 ratings