Јордан Коцевски (Jordan Kocevski)'s Blog

January 25, 2024

Среќен ми роденден

Не сум голем на отчети давање при завршувањето на годината, но затоа за роденденов решив да се запрашам „каде сум и кај терам“.

Еве, првото прочитување на Тегли 2 го завршив и можам да кажам дека сум задоволен од книгата, добра е структурата, немав ништо суштинско за менување. Дури и првото кратење се сведи на намалување на 1000 збора, за сега да е 102.000. Наредна проверка ќе се фокусирам повеќе на кратење непотребни зборови, за да може читањето да тече многу понормално.

Ова од друга страна значи дека треба да се размислува за нареден проект, а тоа е, несомнено, „Кошмари“, втората книга од „Наследство“. Имам концепт, почеток, крај и неколку сцени, останува само се да го подредам како што треба и да почнам со пишување. Засега не знам како ќе ја градам атмосферата и каков ќе биде „сетингот“ на романот, но ќе си каже самото штом почнам. Се ми се чини дека градењето ќе наликува повеќе на „Зборови“, а натаму ќе биде повеќе како првиот дел.

Истовремено застанав да се „пребројам“, односно да видам што се сум напишал низ годините и дали се вредни делата. Има многу раскази и по некоја новела. А мислам дека оваа година ќе почнам да планирам и за преводи.

И така, една година помудар, ќе терам во новата 2024.
 •  0 comments  •  flag
Share on Twitter
Published on January 25, 2024 03:35

December 1, 2023

Тегли 2

Со крајот на ноември заврши и пишувањето на работната верзија на продолжението на Тегли. Од последната објава овде на 10 ноември до 30, сум напишал околу 24 илјади збора и работната верзија на Тегли 2 е 296 страници и 104000 збора.

Што е наредно? Пауза. Не долга, недела-две, и потоа ревизии. Дефинитивно најдосадниот дел за мене, затоа што бара посебна концентрација додека се чита. Кога пишувам можам да бидам и преморен и ќе пишувам, што не важи за проверките.

Во меѓувреме ќе одморам така што ќе си ги преведам дел од расказите што ги имам напишано на англиски и планирам да читам тро повеќе од претходно.
3 likes ·   •  0 comments  •  flag
Share on Twitter
Published on December 01, 2023 23:16 Tags: тегли-2

November 10, 2023

Update на Тегли 2

Друштво,
конечно стигнав до делот од продолжението на Тегли кој што ми беше последно планиран, односно натаму не знам што ќе се случува. Тоа ме плаши, затоа што не знам дали и колку ќе успеам да го склопам крајот, но од друга страна пак тоа е (за мене) најзабавниот дел. Затоа дури и кога го скицирам делото, тоа е само скица во која знам само главите како се распоредени и од прилика што треба да се случи.
Со (до сега) 227 страници и 80000 збора, ова ќе биде мојот најдолг роман.
Уште колку ќе има? Не знам. И во тоа е убавината!
2 likes ·   •  0 comments  •  flag
Share on Twitter
Published on November 10, 2023 00:03 Tags: тегли-2

September 22, 2023

Чао септември, здраво Букстар

Работејќи како туристички водич, септември ми е месецот кога нема одмор од туристички групи. Бев премногу зафатен, но наоѓав време за пишување.

Покрај тоа, ова е почетокот на училишната година, што создава дополнителни обврски.

Сепак, бев промотор на еден одличен регионален автор, Миодраг Мајиќ и неговиот роман „Рудникот“ во издаваштво на Антолог. водевме интересен разговор за темите кои ги обработува и симболиката на рудникот.

Најверојатно наредната објава ќе биде поврзана со Букстар, кој годинава е од 2-4 октомври. Јас најверојатно ќе бидам таму сите денови, а ќе го водам, заедно со Анде, разговорот со новата Агата Кристи, Софи Хана. Ако имате време, поминете ќе се дружиме.
1 like ·   •  0 comments  •  flag
Share on Twitter
Published on September 22, 2023 22:58

August 21, 2023

Август

Не ни забележав кога помина повеќе од пола август... Се како да напишав последна објава пред две недели.
До сега месецот ми беше исполнет со работа, повеќе туристички групи од вообичаено и обврски со овошторнаикот.
А минатата недела и оваа што доаѓа ќе бидат полни со работа+книжевни настани.
Минатата недела беше „Поетски ноќи во Велестово“, оваа „Струшки вечери на поезијата“.
Зошто е ова важно, затоа што ваквите настани делуваат на мене инспиративно. Па така присустувајќи на поетско читање во Конференцискиот центар, со езерото во позадина бев инспириран да напишам расказ, кој го реализирав утрото. Ми беше драго што повторно се вратив на кратката форма и покрај тоа што работам на проделжението од Тегли... кое, па да речеме го пишувам колку што можам.

Тоа е тоа, друштво, поздрав и се читаме.
 •  0 comments  •  flag
Share on Twitter
Published on August 21, 2023 23:10

July 8, 2023

Новости

Ќе започнам со напредогот на продолжението од Тегли, а тоа е дека... оди... кога имам време за пишување. Се изненадив како само една планирана сцена ми прерасна во три глави и околу 25 страници. Токму овие 25 ги пишував со едно невообичаено бавно темпо за мене, зашто бараа доста осмислување, но и затоа што немав многу време за пишување. Затоа наредната глава ја „смачкав“ во еден ден, а со тоа, според планираната скица на романот, ја почнав втората половина од романот.

А, кога сме веќе кај „Тегли“, со задоволство ве информирам дека е распродадена... Или речиси, затоа што има уште 10-20 примероци по книжарите во Скопје, и тоа е тоа. Ви благодарам на сите што сте ја купиле и препорачале на други, затоа што не очекував ваков одзив и поддршка. Искрено, тоа е и причината што се решив да го впуштам Златко во нова, поинаква авантура.

Во однос на приватниот живот... па што и да кажам ќе звучи како да се жалам, па затоа ќе го прескокнеме овој пат.

Поздравче до сите што сте забележале дека блогирам овде, и токму затоа што сте малку, откривам повеќе и побрзо отколку на другите социјални мрежи.
1 like ·   •  0 comments  •  flag
Share on Twitter
Published on July 08, 2023 07:55

June 23, 2023

Сезоната почна

Иако до неодамна имавме дождови и сонце и есенски температури, туристите си доаѓаа во Охрид. Се трудам секое слободно време да го искористам да поднапишам нешто (најчесто на утро пред да кинисам на тура).

Тоа не ме спречи да најдам време да ѝ гостувам на библиотеката на тркала „Зборче“ во Битола и Кичево. Со задоволство, иако уморен, ги посетив градовите и со уште поголемо задоволство разговарав со читателите (дури и со оние што не беа специјално за мене дојдени во најваениот термин :) )

„Апдејт“ кон Тегли 2: Уживам додека ја пишувам, не пишувам квантитативно многу периодов, но веќе имам 120 страници, и мислам дека сум само на пола готов.

Тоа е тоа, уживајте во летото... ако го имаме зашто од утре пак невреме :/
 •  0 comments  •  flag
Share on Twitter
Published on June 23, 2023 13:39

May 25, 2023

Без Зборови

Уште не сум дојден при себе од премногу случки во теков на месецов (или во превод настинав, што од возбуда, што од трчање Охрид-Скопје-Охрид).

Саемот на книга беше прекрасно искуство, се запознав со нови читатели, се дружев со автори, со тимот на Антолог и ПНВ Публикации...
и да со Крис Картер :)
Човекот е неверојатен, забавен, полн со приказни и друштвен. Токму затоа и интервјуто кое го водев со него беше толку интересно (и лесно за мене).

„Зборови“, мојот четврт роман, беше пуштен во продажба и имав две промоции. Во Скопје ми беше посебно драго што Фросина Пармаковска го промовираше романот, имаше колеги писатели и се разбира читатели, а и нови лица кои прв пат ги гледав на промоција на мој роман.
Охридската промоција ми беше посебно драга, затоа што беше најпосетена од сите до сега (во Охрид). Покрај тоа Маја Мојсова, промоторката, го насочи разговорот на интересни теми поттикнати од содржината на книгата.

И сега... останува што повеќе луѓе да ја прочитат „Зборови“ за да сфатат зошто имам посебна емотивна поврзаност со овој роман.

Тоа е тоа... Ветувам ќе бидам поредовен.
1 like ·   •  0 comments  •  flag
Share on Twitter
Published on May 25, 2023 14:35

April 19, 2023

Празници

Празниците се одличен момент за полнење батерии, а и пауза од пишување. Без гајле, добро напредува продолжението, со седумдесетина готови страници засега. Па како одлична пауза ми дојдоа шест дена шетање по сицилија со семејството.
Забава, уживање, искуства, посета на 5 града во тој период, едно чудо знаменитости, вкусна храна... вистинско полнење батерии и инспирација. Мислам дека го најдов новиот главен лик за една од приказните кои одамна тлеат -туристичкиот водич кој не' шеташе кон Етна.
Во однос на новата книга, имам објавено два тизери на инстаграм, уште еден следува утре, а истата ќе биде во продажба на Саемот на книга 2023 :)
Отворете утре на инстаграм или фб, поврзете ги трите тизери и ќе добиете појасна претстава за што се работи во „Зборови“.
1 like ·   •  0 comments  •  flag
Share on Twitter
Published on April 19, 2023 13:23

March 27, 2023

Да, почнав со пишување

Пролета дојде, а заедно со почетокот на пролетта започна и работата на мојот нов проект. Тие што ме пратите на социјалните мрежи, знаете дека започнав со планирање и мапирање на продолжението од „Тегли“.

Една недела работев на подредување на сцените што ми се во главата, и одбирање на најдобриот распоред за да се пренесе приказната со соодветната динамика. Планот е вториот дел да има поспор почеток, но многу подинамечен тек, повеќе акција, хумор, провали, пукање, бркање со коли, тепање, напнатост...

Во овој дел повеќе внимание му дадов на Саше и неговата лична приказна е тоа што ќе го води дејството во еден креативен хаос. Малку се измачив додека успеав да го вмешам Златко во неговата приказна, зашто нели, сите сакаме да ги слушнеме неговите досетки и глупости. А каде беше за да го донесам, па се разбира со Розе :)

Тоа што моментално имам испланирано се 25 глави (или сцени како што сакам да си ги викам јас). Тоа ми помага полесно да пишувам од една страна, а од друга доколку нешто тековно ми се наметне да можам да го додадам.

Уште една ексклузивна информација за вас, е дека веќе почнав со пишување. Не очекував брзо да се вратам во ликот на Златко, но тоа што е предизвик е да се пишува еден малку поинаков... да ви откријам? Мислам дека претпоставувате. Да се пишува од перспектива на Златко, кој е заљубен. Дејството е од прилика 2, можеби 3 години од претходната книга (останува да одлучам), што значи ликовите не можат да бидат онакви какви што сме ги оставиле. Без гајле, нема да тупам многу со флеш бекс и слични интерни монолози. Ќе има доволно, колку да знаеме што се случило во периодот што поминал.

Поздрав до сите, што го читате ова. А ако ве интересира нешто, слободно прашајте си :)
2 likes ·   •  0 comments  •  flag
Share on Twitter
Published on March 27, 2023 12:35 Tags: тегли-2