Прваче

Пред многу време постоеше начин на изразување кој се викаше блогирање. Денес секој што објавува текст на социјалните мрежи мисли дека е блогер.
Јас? Не, немам блогирано. Но затоа одлучив да објавувам овде почесто, посебно за тоа на што работам и до каде сум.

Новиот роман на кој работам е нешто поинакво од претходните, многу повеќе ликови, повеќе детективска работа и умерена доза на акција.

Токму поради комплексноста на тематиката, често се соочувам со дилеми по кој пат да тргнам. Тие што ме следат на fb веќе ја имаат прочитано следната дилема, но еве ја и овде во оваа моја прва објава на GR:

Дали да искористам како оружје џогер или метла, дали да биде дрвена или пластична дршката, дали ударот да е по раката што го држи пиштолот, дали да биде првично по главата, ако е по главата што ќе се случи со пиштолот, ако е по раката што ќе се случи со пиштолот и дали може доволно брзо да се зададе втор удар, дали негативецот да пукне случајно додека го испушта пиштолот и да си го застрла партнерот, дали ако го удрат директно в лице пиштолот да го испушти пред него во стаклената маса или да летне настрана, дали ако летне настрана да се борат со главниот лик кој да го земи, дали тоа ќе е предолго за читање, дали ненадејно да се појави кучето од соседот и да го земе пиштолот в уста...
2 likes ·   •  0 comments  •  flag
Share on Twitter
Published on October 01, 2022 01:47 Tags: писателскадилема
No comments have been added yet.