Иако очекував да бидам редовен со објавите овде, барем на две недели, периодов бев премногу зафатен за да одвојам време да напишам нешто.
Треба да излезе последниот број на списанието „(е)Лит“, чиј главен уредник сум јас, ја завршив новата книга и правев ревизии (за мене најмачниот дел од пишувањето), истовремено се подготвуваат апликации за проекти, и така...
Барем се' е поврзано со книжевност.
Тоа што се надевам ве интересира поваќе од моите оправдувања е што имам да најавам. Што друго ако не мојот нов роман, кој е во соработка со Антолог и можете да го очекувате во декември.
Повеќе детали ќе откријам во периодот кој следува.
Published on November 15, 2022 08:22