Ме снема долго време не само од GR, туку и од останатите социјални мрежи. Покрај (за мене) вообичаената празнична депресија, закачив ковид. Да, знам, зарем уште има, или можеби мислевте дека воопшто го нема, но ете јас по трет пат се дружам со вирусот. Овој пат во појачана варијанта, со весели симптоми, од главоболки, температура, до суво грло, расипан стомак и со последици. За среќа, минимални последици, но сепак си се вдомил во белите дробови и сега качувањето до станот, на трет спрат, ми изгледа како цел ден одење по полето.
Се разбира дека вестите одат во пар, па имам и добри вести. Новиот роман „Зборови“ е веќе во финална фаза, односно пратен е на лектор.
Заедно со екипата на „Креативна верига“ спроведовме натпревар за најдобра детска песна, а доделувањето на наградите ќе биде на 7.3.
И тоа што ме очекува е подготовката на продолжението на „Тегли“.
И за крај, можам да се пофалам дека се изнаслушав книги додека бев болен :)
Published on March 03, 2023 01:17