Активен месец
Март... како тоа што бев болен и потоа се „излежавав по дома“ да ме подготвуваше за тоа што ме чекаше месецов.
Успешно го организиравме доделувањето на наградите за најдобра песна за деца (заедно со останатите членови од Креативна верига) на 7.3. Посебна чест ни направија наградените со нивното присуство, но и Живко Грозданоски и Горјан Петревски, како членови од жирито.
Нецела седмица потоа, ја направивме промоцијата на сликовницата-боенка „Џуџето Јохаухан Папатакапов Смирнов“, издание на нашето здругжение Креативна Верига. А вчера пак, бев промотор на уште едно наше издание „Точно, точно и вистина“.
Во меѓувреме син ми официјално стана тинејџер, па организиравме и забава за неговиот 13 роденден, и тоа дупла, една со братучедите и една со другарите, затоа што така требало...
Да не заборавам дека понеделникот му гостував на Анде во неговиот Буккаст, и тука веќе обелоденивме дека „Зборови“ ќе биде спремна за саемот во мај. А ексклузивно за малкуте луѓе што ме пратите и читате овде откривам дека книгата е веќе завршена и подготвена за печатење.
Што е наредоно за мене? Мислам дека знаете :)
Да почнам да пишувам.
Нешто ново.
Што?
Ќе ви откријам во наредниот пост, кој се надевам ќе биде во недела :)

Published on March 19, 2023 01:26
No comments have been added yet.