Избрани драми Quotes

Rate this book
Clear rating
Избрани драми Избрани драми by Горан Стефановски
21 ratings, 4.71 average rating, 3 reviews
Избрани драми Quotes Showing 1-30 of 87
“Да ти каже тебе татко ти нешто. Не кажувај на светот што мака имаш. Не сака светот да знае. Си има светот свои маки. Ако кажуваш, кажи нешто убаво или ништо не кажувај. Што му е некому гајле што тебе ти е страв од темно. (Димитрија)

(„Диво месо“)”
Горан Стефановски, Избрани драми
“Животот кај нас е евтин. Луѓето се саштисани и шашардисани. Беззаконие. Сиромаштија, корупција, декаденција. Некои новопечени богаташи имаат сè, други едвај преживуваат. Некои се просјаци, проститутки и криминалци. Градот се гуши во ѓубре. Цели фамилии, сосе деца, работат за мали пари. Хаос. Навечер не се излегува на улица. Насилство, оружени пљачки, убиства. Полицајците собираат рекет заедно со рекетарите. Скопје, Готам Сити, Македонија.”
Горан Стефановски, Избрани драми
“Секогаш кога човек со срце, со хи-фи, ќе направи нешто, ќе се заебе. И од страв да не се заебе пак, сè што прави после е без срце, без хи-фи, и само со цел да го замачка она што прво го направил.


(„Хај-фај“)”
Горан Стефановски, Избрани драми
“- Дали си ти „хи-фи“?
- Тоа е добро прашање.
- Затоа го поставувам.
- Не се познавам доволно.
- Вие младите едвај чекате да бидете тажни.

(„Хај-фај“)”
Горан Стефановски, Избрани драми
“Сечиј живот е како оној на Исус Христос. Прво нè сакаат и слават, после нè продаваат за триесет сребреници. Секој од нас е на пат кон својата голгота. Никому не му гине распетие.

(„Лет во место“)”
Горан Стефановски, Избрани драми
“Евто: Со него не стасувам никаде.
Султана: И никаде е полесно заедно.

(„Лет во место“)”
Горан Стефановски, Избрани драми
“ЏОЏО: Виде не виде и му ја спрашти. Мислиш жална мајка Македонија ќе плаче по тебе? Нема Македонија веќе солзи за вас.
ИЉО: Кој те овласти тебе да зборуваш во името на Македонија?
ЏОЏО: Јас сум нејзин официјален застапник.
ИЉО: Кутрата таа.
ЏОЏО: Какви-такви, барем ја застапуваме. Вие ја напуштате.
ИЉО: Бегаме од вас, самоповиканите застапници.

(„Демонот од Дебар Маало“)”
Горан Стефановски, Избрани драми
“Не сакам да те навредам, но мора да ти кажам. Ти си бивш човек. Ти си најдобар човек на светот, но ти си бивш човек. Тоа не е критика. Тоа е факт. До овде ми е од бивши луѓе. Бивши држави. Бивши љубовници. Бивши адреси, телефонски броеви. Бивши пасоши, лични карти, свидетелства, изводи од матично. Бившо турско, бившо каурско, прво спрско, второ бугарско, Тито-партија, стабилизација, меѓундароден монетарен фонд. Вака било, онака било. Којзнае како било? Онаму имало офицерски дом, онаму банка, сите живееле сложно и весело и се држеле за раце и играле оро и пееле песни. Што имам јас од тоа? Не сакам бивша иднина. Што ме боли мене за вашата жал за младост?

(„Демонот од Дебар Маало“)”
Горан Стефановски, Избрани драми
“ИЉО: Но ова некако не е мојот живот. Ова не е мојот свет. Овде само ѓезмето во кафеаните вреди. Цел свет си игра играчки со нас. Ни велат напрај ова, напрај она, мрдни лево, мрдни десно. Само им мешаме, им го правиме ќеифот. Едни ќе нè откачат, други ќе нè закачат. Границите шупливи. Те тројна формула, те двојна формула, рамковен договор, европарламенти, комисии, фрли го оружјето, старо било, било руско, отпушти ги офицерите, децата не мора да одат во војска, нека дуваат, нека дремат по меани. Имаме ли ние снага за овие шашми? Господата немале планирано Самит следниве години, ќе биде некогаш, ќе нè биде ли нас дотогаш? Не е на арно.
КОЦЕ: Ај гледај си ја ти својата работа.
ИЉО: Која своја работа да гледам. Тоа ми е проблемот. Јас немам своја работа.
КОЦЕ: Имаш свое маало. Остави државни политики.
ИЉО: Нема маало без држава.
КОЦЕ: Нема држава без маало! Секој си мете пред својот праг.
ИЉО: Како? Така што го префрла ѓубрето пред прагот на соседот? Па овој му го враќа назад. Затоа што и тој мете пред својот. Наше маало гомна срало, ваше маало гомна јало. Толку треба за крв до колена.
КОЦЕ: Да речеме дека си во право. Тоа не значи дека си во право.

(„Демонот од Дебар Маало“)”
Горан Стефановски, Избрани драми
“Што носи денот, не носи годината.

(„Демонот од Дебар Маало“)”
Горан Стефановски, Избрани драми
“БИСЕРА: Ја сакаш?
ИЉО: Повеќе од сè. Повеќе од себеси.
БИСЕРА: Љубовта ќе победи.
ИЉО: Ништо друго нема смисла.

(„Демонот од Дебар Маало“)”
Горан Стефановски, Избрани драми
“А народот убаво рекол: ако не со мило, тогаш сосила. Ако не долу на земјата, горе на небото.

(„Демонот од Дебар Маало“)”
Горан Стефановски, Избрани драми
“Ние не сме во брак, ние сме во развод дваесет години.

(„Демонот од Дебар Маало“)”
Горан Стефановски, Избрани драми
“Па види, ќерко моја, зборовите се релативна категорија. Се вртат како рипчиња, сега значат едно, потоа значат друго.”
Горан Стефановски, Избрани драми
“Да имаш моќ, а да не знаеш што правиш со неа, не е здраво.

(„Баханалии“)”
Горан Стефановски, Избрани драми
“ДИОНИС: Дионис ви дава вино. Тоа е и храна и отров. Ваше е дали ќе запеете или ќе заплачете. Ви дава оган - ваше е дали ќе си го стоплите домот или ќе ја запалите куќата. Ви дава страст - ваше е дали ќе водите љубов, или ќе се заколете меѓу себе.

(„Баханалии“)”
Горан Стефановски, Избрани драми
“Ако е некој лош, лош е и точка. Природно е да е лош. Никој не прашува зошто. Ако е некој добар, тогаш се бара причината. Зошто е добар? Која му е задната намера? Не е нормално да е добар.

(„Баханалии“)”
Горан Стефановски, Избрани драми
“КАДМО: Не занесувај се, синко! Овде никогаш немало разум. Тој е како алгебра, луѓето го избегнуваат. Народот е диво животно и сака свирепост. Си бил некогаш на бокс меч? Победува оној со инстинкт на убиец. Фрли ги луѓето во војна, местото им е на фронт. Полесно им е да трпат, одошто нешто да менуваат. Полесно им е да патат, одошто да расудуваат. Сега е време на несреќа. Мора да се прилагодиме. Судбината ни е од бога.
ПЕНТЕЈ: Судбината ни е од воспитувањето. Дај ми здрава храна и добра школа, какви богови, какви тикви! Дионис е лажен бог.
КАДМО: Кажи дека е вистински. Нема зијан од лага. Иако е лажен бог, стварно е моќен. Додека ти организираш исхрана и школство за населението, населението ќе ти ја изеде главата.

(„Баханалии“)”
Горан Стефановски, Избрани драми
“Ти само кобиш. Ако понекогаш погодиш, тоа не е пророштво, туку теорија на веројатност.

(„Баханалии“)”
Горан Стефановски, Избрани драми
“Здраво е да бидеш малку друг. За да осетиш како му е на другиот.

(„Баханалии“)”
Горан Стефановски, Избрани драми
“Што е животот! Бокал. Ќе се скрши и рачката ќе ти остане во рака.

(„Баханалии“)”
Горан Стефановски, Избрани драми
“Сите цркви се лажни, само верата е вистинска.

(„Дупло дно“)”
Горан Стефановски, Избрани драми
“Дупло дно е подрум во главата. Таму ги криеме сите дупли планови, со која жена да се ожениме ако нашата загине во сообраќајна несреќа, како штедната книшка на брат ни да ја префрлиме на свое име ако тој ненадејно умре, таму се сите скришни прељуби, сè што сме премолчеле, што намерно сме заборавиле, таму е јасно кого колку мрзиме, таму ја криеме сета невера за она во кое јавно се колнеме дека веруваме и сета вера во она од кое јавно се откажуваме, таму се складиштата на суета и страста, нашиот мрак и пораз, таму сме без шминка, без вештачки вилици, без мидери, таму сме грди. Меѓу тоа ѓубре и отпад во нашата глава во длабок сон лежат оковани нашата вистина и слобода, нашата невиност и човечко достоинство. Такви дна имаат и државите, и цивилизациите. Никој не ги чисти. Растат. Ги напнуваат деветте тешки порти со по девет резиња и катанци. Во дуплото дно се шверцуваме самите себеси и го гледаме својот сопствен шверц како цариници на кои сè им е јасно, но кои не можат да поверуваат дека некој е толку безобразен самиот да се носи себеси, во куфер, илегално, преку сите дозволиви граници. Портите на дуплото дно се кршат со глава. Со психоза - артистика или психоза - шизоафектива или психоза - револуционариа. Главата се крши и крвари, како шампањско при поринување на брод. Историјата на светот е историја на дупнати дна. Еден ден дното и дуплото дно конечно ќе се спојат. Тогаш веќе ќе нема душевно болни уметници и терористи. Гледајте се право во очи. Седум секунди. 13 секунди. 15 секунди. Она страшното што го гледаме во огледало кога гледаме во себе е дуплото дно.

(„Дупло дно“)”
Горан Стефановски, Избрани драми
“ПАРАСКЕВА: Што значи функционална неписменост?
ЈАКОВ: Писмена неписменост. Најтежок вид неписменост.

(„Дупло дно“)”
Горан Стефановски, Избрани драми
“ЈАКОВ: Читам само живи писатели.
БОЖО: Зошто?
ЈАКОВ: Затоа што сум жив заедно со нив. Барем да видам што пишуваат за мојот живот. Нема ништо.
БОЖО: Да, но еден Данте...
ЈАКОВ: ...со своите универзални пораки ми се обраќа и мене? Зошто и живите писатели не ми се обраќаат мене туку на читателите на Данте? Додуша, вие не им се обраќате дури ни ним.
БОЖО: Секогаш сте вака жестоко искрен?
ЈАКОВ: Само жестоко ме доживувате. Навикнати сте на јазик кој не говори ништо и на луѓе кои говорат сешто, а избегнуваат да кажат било што.


(„Дупло дно“)”
Горан Стефановски, Избрани драми
“Уметноста ѝ претходи на стварноста. Нашата цивилизација дваесет и пет века отплеткува јазли заплеткани од Платон и Аристотел.

(„Дупло дно“)”
Горан Стефановски, Избрани драми
“Животот ви минува додека се прашувате дали сте живи.


(„Дупло дно“)”
Горан Стефановски, Избрани драми
“Отсега натаму можам да не кажам веќе ни збор, но не можам да ги немам кажано оние кои веќе сум ги кажал.

(„Дупло дно“)”
Горан Стефановски, Избрани драми
“Лесно е да си слободен како птица, биди слободен како човек.

(„Дупло дно“)”
Горан Стефановски, Избрани драми
“Сè почнува со литература, а завршува со крв.

(„Дупло дно“)”
Горан Стефановски, Избрани драми

« previous 1 3